Урат оксидаза
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Урат оксидаза или уриказа е ензим кој не е присутен кај луѓето. Овој ензим ја катализира оксидацијата на уричната киселина до 5-хидроксиизоурат:[1]
- Урична киселина + O2 + H2O → 5-хидроксиизоурат + H2O2 → алантоин + CO2
Значење на отсуството кај луѓето[уреди | уреди извор]
Луѓето имаат ген за урат оксидаза, меѓутоа тој е нефункционален. Затоа уричната киселина е краен продукт на катаболизмот на пурините кај луѓето. Зголемена концентрација на урична киселина во крвотокот доведува до појава на гихт.
Наводи[уреди | уреди извор]
|