Рита (ураган)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ураган Рита)
Прејди на: содржини, барај


Рита е седумнаесетата тропска бура, девети ураган, петти најголем ураган досега и втор ураган од петта категорија во Атланската сезона на урагани во 2005 година. Тоа е најсилниот ураган кој било кога навлегол во Мексиканскиот залив. Неговите ветрови откако достигнаа брзина од 280 километри на час удрија во копното на државите Тексас и Луизијана. На 24 септември 2005 ураганот почна да ја губи силата. Ветровите успорија на 190 км на час со што Рита падна во третата категорија.

Како урагани се означуваат тропските циклони во северниот дел од Атланскиот Океан и северниот Пацифик чии ветрови ја надминуваат брзината од 33 метри во секунда или 117 км. на час. Тропските циклони пустошат и по северозападниот и јужниот Пацифик, но тука се нарекуваат тајфуни.Тајфунот е локално име за тропски циклон кое се користи во источна и југоисточна Азија.Во тајфуните се појавува т.н. око на циклонот во кое владее тотален мир,не врни дожд и не дува ветер.Местото кое се наоѓа во центарот на окото на циклонот останува мирно околу 1 час.Тајфуните најчесто се појавуваат во летно време,а исто така и на есен.Ветровите во внатрешноста на тајфунот можат да достигнат огромна брзина,дури до 300 км/ч.Тајфуните со себе носат обемни врнежи и можат да предизвикаат огромни штети.