Употреба на загради во македонскиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Загради

Заградите, „(“ и „)“, во македонскиот литературен јазик се употребуваат во следните случаи:


  • Зборови, изрази или цели реченици кои придонесуваат да се дообјасни нешто што е речено пред тоа:
    • Тој го посетил градот Малме (Шведска).
    • Митре извади од црвените бечви (од купечко платно) голема шамија со цвеќиња и го избриша челото.
    • Тој зел околу педесет илјади денари (а тоа не е мала сума).
  • Дидаскалии во драмите:
    • Петре (претходно искашлува): - Тоа не е така.
    • Васка (влегува од десната врата): - Добро вечер!
  • Реченици, изрази што укажуваат на односот на слушателите кон она што го зборува говорителот:
    • Да живее слободата! (долг и силен аплауз).