Упернавик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Упернавик
Аероснимка на Упернавик
Аероснимка на Упернавик
Местоположбата на општината Упернавик во рамките на Гренланд
Местоположбата на општината Упернавик во рамките на Гренланд
Упернавик is located in Гренланд
Упернавик
Упернавик
Местоположбата на Упернавик во рамките на Гренланд
Координати: 72°47′2″N 56°9′2″W / 72.78389° СГШ; 56.15056° ЗГД / 72.78389; -56.15056
ЗемјаДанска
ПровинцијаFlag of Greenland.svg Гренланд
ОпштинаУпернавик
Население (2005)
 • Вкупно3.000

Упернавик (гренландски: Upernavik, „Пролетно Место“) — гратче на западниот брег на Гренланд. Во општината Упернавик живеат околу 3.000 жители, додека самото гратче Упернавик брои 1.144 жители. Остатокот од жителите живеат во десет места во општината, меѓу кои и Кулорсуак, со население од околу 400 жители. Авиокомпанијата Ер Гренланд сообраќа до Упернавик.

Во 1824 г., близу Упернавик е пронајден т.н. „Кингигторссуашки рунски камен“. На него се испишани знаци оставени од Викинзите, веројатно од доцниот XIII век. Со рунското писмо се испишани имињата на три Викинзи, и се споменува изградбата на могила во близината. Ова е најсеверното место каде се пронајдени викиншки артефакти, и ја означува крајната северна точка на викиншките патешествија.

Северозападниот дел на Упернавик се капе во полноќно сонце


Населени места во општината Упернавик[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Bjerregaard, Peter и Beth Bjerregaard. Disease Pattern in Upernavik in Relation to Housing Conditions and Social Group. Copenhagen: Kommissionen for videnskabelige Undersøgelser i Grønland, 1985. ISBN 87-17-05231-9
  • Haller, Albert Arno. The Spatial Organization of the Marine Hunting Culture in the Upernavik District, Greenland. Ottawa: National Library of Canada, 1981.
  • Hjarnø, Jan, Jørgen Balslev Jørgensen и Morten Vesely. Archaeological and Anthropological Investigations of Late Heathen Graves in Upernavik District. København: C.A. Reitzels Forlag, 1974. ISBN 87-421-0096-8
  • Jørgensen, Jørgen Balslev, Jens Dahl и Sanjai Sangvichien. Anthropometrical Studies on Greenlanders from Two Villages in the Upernavik Area. København: Nyt Nordisk Forlag, 1976. ISBN 87-17-02125-1
  • Vibe, Christian. Preliminary Investigations on Shallow Water Animal Communities in the Upernavik- and Thule-Districts (Northwest Greenland). København: C.A. Reitzel, 1939.

Координати: 72°47′02″N 56°09′02″W / 72.78389° СГШ; 56.15056° ЗГД / 72.78389; -56.15056