Прејди на содржината

УНИЦЕФ

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Уницеф)


Шатор на УНИЦЕФ во Судан

Фондот за деца при Обединетите Нации (на англиски: United Nations Children's Fund) или УНИЦЕФ (UNICEF) е основан на 11 декември 1946 година од страна на Генералното собрание на Обединетите нации. До 1956, името му било Меѓународен фонд за деца при Обединетите Нации за итни состојби (United Nations International Children's Emergency Fund, скр. UNICEF) од каде што сѐ уште го носи акронимот УНИЦЕФ. Седиштето на УНИЦЕФ се наоѓа во Њујорк, и тој обезбедува долгорочна хуманитарна и развојна помош на децата и мајките од земјите во развој. УНИЦЕФ е доброволно финансирана агенција, која се потпира на донации од владите и приватните дарители. Неговите програми ги нагласуваат развојните услуги што го унапредуваат здравјето на децата. УНИЦЕФ добил Нобелова награда за мир во 1965.

По истекот на мандатот на извршниот директор на УНИЦЕФ Керол Белами, во мај 2005 контролата во организацијата ја презема Ен Венеман, поранешна американска секретарка за земјоделство, со агенда да го зајакне фокусот на организацијата кон постигнување на Милениумските развојни цели.

Од 2010 година на чело на УНИЦЕФ е Ентони Лејк.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]