Универзитет „Македонија“ – Солун
| Πανεπιστήμιο Μακεδονίας | |
Поглед кон фасадата на универзитетот | |
| Гесло | Универзитет за економски и социјални науки |
|---|---|
| Вид | државен |
| Основан | 1957 во Солун |
| Ректор | Ахилеас Запранис |
| Студенти | ок. 15,339 6,000 активни |
| Место | Солун, Централна Македонија, Грција |
| Кампус | Урбана средина (околу 40.000 м2) |
| Бои | Темносина, жолта, портокалова |
| Прекар | UoM, Pa.Mak. (Πα.Μακ.) |
| www.uom.gr | |
![]() | |
Универзитетот „Македонија“ (грчки: Πανεπιστήμιο Μακεδονίας) — универзитет кој се наоѓа во Солун, Грција.
Тој е втор по големина универзитет во градот (по универзитетот „Аристотел“). Во моментов се состои од осум одделенија кои се занимаваат главно со општествени, политички и економски науки[1].
Историја
[уреди | уреди извор]Пред 1991 година, универзитетот бил познат како Солунско више училиште за индустриски науки (грчки: Eν Θεσσαλονίκη Ανωτέρα Σχολή Βιομηχανικών Σπουδών). Во 1985 година биле формирани две одделенија - „Економија и менаџмент“ и „Бизнис администрација“. Во 1990 година универзитетот го добиле денешното име - Македонија, кога биле создадени три нови катедри.
Кампус
[уреди | уреди извор]Универзитетот се наоѓа на ул. Егнатија 156. Кампусот е составен од група згради со вкупна површина од околу 40.000 квадратни метри, составена од амфитеатри, простории за настава и семинари, канцеларии и области на административни делови, ресторан (кој работи во текот на целата академска година), гимназија и книжарница. Исто така, постојат две соби каде може да се сместат 4-8 лица (претежно официјални посетители).
Факултети
[уреди | уреди извор]Универзитетот на Македонија е поделен на четири академски училишта, кои понатаму се поделени во осум одделенија[2].
| Училишта | Одделенија |
|---|---|
| Факултет за бизнис администрација |
|
| Факултет за економски и регионални студии |
|
| Факултет за општествени науки, хуманистички и уметнички науки |
|
| Факултет за информатички науки |
|
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „University of Macedonia Internal Evaluation Reports“ (грчки). modip.uom.gr. Архивирано од изворникот на 2018-02-01.
- ↑ „Departments - University of Macedonia“. University of Macedonia. Архивирано од изворникот на 2014-12-13.
