Универзитет во Лунд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Универзитет во Лунд
Lunds universitet
латински: Universitas Lundensis /
Universitas Gothorum Carolina
Поранешно име
Кралска Каролинска Академија
латински: Regia Academia Carolina
ГеслоAd utrumque
На македонски
„Подготвени за обете“
Видјавен истражувачки универзитет
Основан1666; пред 355 години (1666)[1]
Буџет9 милиони круни[2]
заменикЕрик Ренстрем [3]
Наставен кадар
4,700 (2020) (кадар, истражувачи и студенти-истражувачи) [4]
Административен кадар
2,840 (2018) [4]
Студенти28,300 full-time equivalents (2020)[2]
МестоЛунд, Сканија, Шведска
Кампусурбан
Боисина, бронзена
ПрекарLU
https://www.lu.se https://www.lunduniversity.lu.se

Универзитетот Лунд (шведски: Lunds universitet) е јавен истражувачки универзитет во Лунд, Шведска. Основан е во 1666 година. Универзитетот е водечка институција за високо образование во Шведска и еден од најголемите во земјата.

Историја[уреди | уреди извор]

Основан е во 1666 година, и е втор по старост универзитет во Шведска по Универзитетот во Упсала, заедно со кој претставуваат две традиционални седишта на високо образование во земјата.

Лунд има долга историја како научен центар. Со донација од данскиот крал Кнут Велики во 1085 година основано е првото формално училиште во градот, во форма на катедрално училиште за обука на свештеници. Ова го прави Катедралното училиште во Лунд (денес едно од неколкуте средни училишта во градот) најстаро училиште во Скандинавија.

Првата институција за високо образование во градот и во цела Скандинавија била таканаречениот studium generale (средновековно високо училиште), основан во 1438 година, управуван од монасите на фрањевачкиот манастир. Остатоците од овој период се ретки и не се знае кога точно престанало да постои ова училиште, но веројатно исчезнало со прогонството на монасите во врска со протестантската реформација во тогашна Данска, некаде по 1536 година.

Денешниот универзитет е утврден во 1666 година од страна на Карло XI, откако Шведска ја освоила покраината Сканија. На почетокот, универзитетот традиционално (исто како и Упсалскиот) имал четири факултети: теолошки, филозофски, правен и медицински. Наставата во раниот период се одржувала во катедралата Лунд, иако набргу блиските згради влегле во употреба. Во текот на 18 век, универзитетот доживеал значителен пораст. Во средината на 20.век се основани факултетите за природно-математички и општествени науки, а потоа и економски, уметнички и технолошки. Денес, Универзитетот во Лунд е еден од најголемите универзитети во Северна Европа.

Преглед[уреди | уреди извор]

Универзитетот има девет факултети: економски, филозофско-теолошки, правоен, уметнички, технолошки, медицински, по природни науки и општествени науки. Покрај матичниот град, има филијали во Малме и Хелсингборг.[5] Годишно, на универзитетот учат околу 40.000 студенти, што го прави еден од најголеми институции за високо образование во северна Европа.[6][7] Постојано се рангира помеѓу најдобрите 100 универзитети во светот.

Во состав на универзитетот спаѓа Универзитетската библиотека во Лунд, која заедно со Кралската библиотека во Стокхолм, депозитната библиотека на Шведска е задолжена за чување на задолжителните примероци на неодредена иднина. Со универзитетот исто така е поврзана Универзитетската болница Сканије.

Настава и истражување[уреди | уреди извор]

На универзитетот се изведува настава на сите нивоа. Повеќето студиски програми се спроведуваат првенствено на шведски јазик, но постојат и програми на англиски јазик на сите нивоа. Сите студии претпоставуваат познавање на англискиот јазик и литература која се користи на основните односно на магистерските студии честа е на англиски јазик и за шведските студенти.

Универзитетот во Лунд е водечка истражувачка институција во Шведска во сите академски полиња. Неодамнешните проекти вклучуваат изградба на MAX IV и ESS лаборатории. MAX-IV е шведска национална лабораторија за работа со синхротронско зрачење, отворена во 2016 година, која е една од лабораториите со најсилен извор на синхротронско зрачење во светот. ESS (eng. European spallation source) е меѓународен европски центар за истражување во изградба, кој ќе служи за научна работа со помош на спалација и кој по планираното отворање во 2023 година ќе биде најсилен извор на неутрони во светот.

Универзитетот е член на Лигата на истражувачки универзитети на Европа и на светската мрежа на истражувачки институции Universitas 21.

Изуми и пронајдоци[уреди | уреди извор]

Тетра Пак, машина за дијализа, првиот имплантирен пејсмејкер, ултразвучна дијагностика и Блутутот се некои од пронајдоците кои се поврзани со универзитетот, како и откривањето на функцијата на допаминот во нервниот систем, за кој во 2000 година е доделена Нобеловата награда.

Познати поранешни членови[уреди | уреди извор]

Меѓу поранешните студенти и вработени на универзитетот се пронаоѓаат таткото на таксономијата Карл фон Лине, физичарот Мане Сигбан (Нобелова награда во 1924 година), основачот на Тетра Пак Ханс Раусинг, долгогодишниот шведски премиер Таге Ерландер, математичарот Ларс Волтер Хормандер (Филдсов медал во 1962 година), нефрологот Нилс Авал, економистот Бертил Олин (Нобелова награда во 1977 година), биохемичарите Суне Бергстрем и Бенгт Семјуелсон (Нобелова награда во 1982 година), неврофармакологот Арвид Карлсон (Нобелова награда во 2000 година), адвокатот Рут Бејдер Гинсберг.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „LUND UNIVERSITY AT LUND AND HELSINGBORG, SWEDEN“. EduMaritime.net. Посетено на 31 May 2015.[мртва врска]
  2. 2,0 2,1 Facts and figures Lund University web site.
  3. Vice-Chancellor Erik Renström
  4. 4,0 4,1 Facts and figures - Lund University
  5. Lunds universitet: ledning och organisation, Приступљено 2020-07-24.
  6. Lunds universitet: om universitetet (на шведском) Приступљено 2020-07-24
  7. Lund University: facts and figures Приступљено 2020-07-24

 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]