Универзитет Бахчешехир
Изглед
| Вид | Приватен универзитет |
|---|---|
| Основан | 1998 |
| Ректор | Дениз Улке Арибожан |
| Место | Истанбул, Турција |
| www.bahcesehir.edu.tr |

Универзитетот Бакчешехир (турски: Bahçeşehir Üniversitesi) е приватна образовна институција која се наоѓа во Истанбул, Турција. Универзитетот бил основан во 1998 година. Истата година бил потпишан и договор за соработка со Државниот универзитет во Сан Диего во Калифорнија, САД.
Универзитетот поседува два кампуси кои се наоѓаат во Бешикташ и Меџидијеќој. Бешикташкиот кампус вклучува факултет за инженирство, уметност и наука, право, менаџмент, архитектура, природни науки и социјални науки, додека пак на меџидијеќојскиот се изучуваат странските јазици, пред сè англискиот.[1][1]
Моментален ректор на универзитетот е Проф. Д-р Дениз Улке Арибожан.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|