Универзитетско радио „УГД ФМ“

Од Википедија — слободната енциклопедија

УГД ФМ е единица којашто претставува информатор за сите активности кои се одржуваат на Универзитетот „Гоце Делчев“. Универзитетското радио придонесува во подобро информирање на студентите и на останатата јавност за активностите на Универзитетот, а воедно претставува место каде што студентите по новинарство и односи со јавноста ја вршат својата пракса. Програмата може да се следи на честота од 91,0 мегахерци во Штип и неговата околина, а сите корисници на Интернет имаат можност програмата да ја следат и онлајн, преку линк на официјалното мрежно место на Универзитетот „Гоце Делчев“, Универзитетското радио УГД-ФМ, како дел од Одделот за радио и ТВ при Центарот за односи со јавноста, емитува 24-часовна програма што се однесува на студентите и младите луѓе во градот, програма која го засега работењето на Универзитетот и студирањето на сите студенти. Студентите континуирано се информираат за настаните и за активностите на УГД, а воедно студентското радио и интерната телевизија имаат и образовна и забавна компонента. Преку продукција на образовни и забавни програми овие два медиума претставуваат неформално надополнување на едукацијата на студентите и останатите консументи. Воедно овие два медиума континуирано даваат поддршка преку преноси во живо, гостувања и продукција на емисии на сите настани кои се организираат од страна на Универзитетот.[1]

Организација и структура[уреди | уреди извор]

Универзитетското радио „УГД ФМ“ е непрофитна радиодифузна установа која работи во состав на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Во реализацијата на програмата на Универзитетското радио учествуваат и сите заинтересирани студенти, а истото е ставено во функција и на студиската програма по новинарство при Правниот факултет, Универзитет „Гоце Делчев“.
Програмата на „УГД ФМ“ има информативна, забавна и образовна функција.

Активности[уреди | уреди извор]

Главни активности на Универзитетското радио се образовните, информативните и забавните емисии, од кои дел се емитуваат во живо, а останатите се продуцираат и емитуваат во рамки на програмата на радиото. Емисиите кои се емитуваат на Универзитетското радио се: „Утринска програма“, „Свеж воздух“, „Радио дебата“, „Поп арт“, „Вог“, „Студиорум“, „Култ Фу“, „Џез индекс“, „Студио алтернатив“, „Музика мундана“, „Басни и тапани“, „ДЈ клуб“ и многу други.
Покрај овие активности, Универзитетското радио организира разни трибини, дебати по соодветни поводи како и забави за слушателите и студентите на Универзитетот.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Официјална страница на Центар за односи со јавноста – „Оддел за радио и ТВ". Архивирано од изворникот на 2013-03-13. Посетено на 2013-03-26.