Универзитетски спортски центар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

За центарот[уреди | уреди извор]

Универзитетскиот спортски центар ги развива и унапредува спортските активности на студентите и вработените. Во рамките на Универзитетскиот спортски центар се опфатени екипи од повеќе спортови. Во моментот функционираат универзитетски клубови во кошарка, пинг-понг, одбојка, шах и фудбал. Преку Универзитетскиот спортски центар, сите студенти кои имаат афинитет кон спортот можат тоа да го реализираат преку настапи во рамките на турнири и останати натпреварувања на ниво на универзитетите во Република Македонија[1].

Организација и структура[уреди | уреди извор]

Од своето основање во 2007 година, Универзитетот „Гоце Делчев“ зема учество во меѓууниверзитетските натпревари организирани и поддржани од Универзитетската спортска федерација на Република Македонија и станува рамноправен член во оваа федерација [2].
Почнувајќи од 2007 година, студентските спортски екипи на Универзитетот „Гоце Делчев“ во мал фудбал, кошарка, пинг-понг и шах учествуваат во:

  • системот на натпревари државни универзитетски лиги на Република Македонија;
  • државни универзитетски куп натпревари на Република Македонија.

Активности[уреди | уреди извор]

Почнувајќи од учебната 2007/2008 година, Универзитетот „Гоце Делчев“ учествува на натпреварите од државните универзитетски лиги со своја екипа во кошарка, која бележи значајни резултати и постигнувања, меѓу кои и едно прво место во 2010 година.
Од 2007 до 2012 година, екипата настапува со променет состав на студенти од речиси сите факултети во состав на УГД. Дел од студентите се членови на УКК „Гоце Делчев“, професионална екипа во кошарка која се натпреварува во системот на натпревари од втората државната лига на РМ.
Студентската екипа во пинг-понг на Универзитетот „Гоце Делчев“, почнувајќи од учебната 2007/2008 година, зема активно и континуирано учество на државните универзитетски лиги, државните универзитетски куп натпревари на РМ и државните универзитетски шампионати и првенства на РМ, постигнувајќи значајни резултати.
Согласно со динамиката на активности и организација на натпревари на Универзитетската спортска федерација на Р. Македонија во карате, екипата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во карате зема активно учество на сите државни и меѓународни натпреварувања. Во учебната 2009/2010 година е организиран Државен универзитетски шампионати на РМ во карате, на кој забележителен настап има студентската екипа на УГД.
Студентската екипа во шах и мал фудбал на Универзитетот „Гоце Делчев“, почнувајќи од учебната 2007/2008 година, зема активно и континуирано учество на државните универзитетски лиги, државните универзитетски куп натпревари на РМ и државните универзитетски шампионати и првенства на РМ, постигнувајќи значајни резултати.
Спортистите на УниверзитетотГоце Делчев“, покрај забележителните резултати на државните натпревари, имаат и забележителни настапи и постигнувања на меѓународните универзитетски натпревари.
За истакнување се двете учества и постигнувањата на каратистите на Универзитетот „Гоце Делчев“ на универзитетските карате шампионати.
2011 година, Петти европски универзитетски шампионат во карате.
Петтиот европски универзитетски шампионат во каратесе одржа во периодот од 22 до 25 јули 2011 година во Сараево, Република Босна и Херцеговина.
На натпреварот учествуваа 78 универзитетски екипи од 23 земји. Од нашата земја забележителен настап имаа екипите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.
Најзабележителен настап и највисок пласман на УГД е освоено III место во категорија БОРБИ + 84 кг.
2012 година, Осми светски универзитетски шампионат во карате.
Осмиот светски универзитетски шампионат во каратесе одржа во Братислава, Република Словачка, во период од 12 јули до 15 јули 2012 година. На оваа врвна светска манифестација од областа на универзитетскиот спорт учество земаа 43 држави. Учествуваа 191 спортист во машка конкуренција и 138 спортистки во женска конкуренција [3].

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]