Универзална историја на бесчестието

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Универзална историја на бесчестието (шпански: Historia universal de la infamia) - збирка раскази на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес. Расказите во книгата биле напишани во текот на 1933-1934 година, а според кажувањето на авторот во предговорот на првото издание (напишан на 27 мај 1935 година), тие настанале под влијание на делата на Стивенсон и Честертон, од првите филмови на фон Штернберг и од биографијата на Еваристо Кариега.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Книгата ги содржи следниве раскази:[2]

  • Суровиот откупувач Лазарус Морел
  • Неверојатниот лажго Том Кастро
  • Вдовицата Чинг, гусарка
  • Испорачателот на злосторства Монк Истман
  • Некористољубивиот убиец Бил Хариган
  • Неучтивиот церомонијал-мајстор Котсуке но Суке
  • Маскираниот бојаџија Хаким од Мерв
  • Човекот од розовиот агол
  • И така натаму

На крајот од книгата се наоѓа и список на изворите користени при пишувањето на расказите. Инаку, подоцна, во изданието од 1954 година, расказот „И така натаму“, Борхес го дополнил со три нови текста.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Horhe Luis Borhes, Univerzalna istorija beščašća. Beograd: Paidea, 2009, стр. 5.
  2. Horhe Luis Borhes, Univerzalna istorija beščašća. Beograd: Paidea, 2009.
  3. Horhe Luis Borhes, Univerzalna istorija beščašća. Beograd: Paidea, 2009, стр. 9.