Унгарски телеком
Унгарски Телеком е најголемата унгарска телекомуникациска компанија. Поранешниот монопол е сега подружница на Дојче Телеком. До 2005 година бил познат под името Матав.
Историја[уреди | уреди извор]
Унгарскиот Телеком е основан во 1991 година од издвојувањето од Унгарската пошта.[1] Унгарскиот телеком е приватизиран од 1993 година до 2000 година кога дошол во мнозинска сопственост на Дојче Телеком. Ова е првата компанија во Источна Европа која во 1997 година излегла на Њујоршката берза. Во 2001 година Унгарскиот Телеком го купил Македонски Телеком, и доаѓа до либерализација на фиксниот телефонски пазар во Унгарија. Во 2005 година Унгарскиот телеком го купува Црногорскиот Телеком, се извршува ребрендинг на Телеком и започнува во употреба брендот Т.
Бизнис[уреди | уреди извор]
Како и сите компании во групата Дојче Телеком, Унгарскиот Телеком работи под следниве брендови:
- Т-Home за фиксна телефонија .
- Т-Mobile за мобилна телефонија .
- Т-Systems за големи системи (корпорации).
Поврзано[уреди | уреди извор]
Галерија[уреди | уреди извор]
Седиште на Унгарскиот Телеком во Будимпешта
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Company History - Magyar Telekom“. Архивирано од изворникот на 2013-05-25. Посетено на 2019-01-28.