Композитен лак

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Унгарски лак)
Хунски композит

Композитен лак е оружје кое е направено од повеќе слоеви на различни материјали. Различните материјали се ставани по одреден ред, согласно со нивните особини. Материјалите отпорни на компресија (еленски рог или тисовина) се користени за внатрешниот дел на лакот (дел кој е свртен кон стрелецот кога стрела), додека материјалите кои се отпорни на напрегање (оревина) користени се за изработка на надворешниот дел (делот кој е свртен од стрелецот кога стрела).

Првите композитни лакови се појавиле во Источна Азија. Хунскиот лак е препознатлив пример за композит. Слоевите на композитните лакови правени пред 20 век составувани се со помош на туткал.[1] Дизајнирани се така да отпуштаат голема сила за својата големина.

Композитните лакови честопати ги користеле турски и монголски коњаници, и други номадски племиња од Азија. Монглоската војска се састоела од лесна коњаница опремена со композити и многу брзи коњи.

Модерните композитни лакови се прават од дрво, пластика и фиберглас. На нив негативно делуваат промената на времето и влагата.

Композитните лакови пружаат голема сила во однос на нивната големина. Некои монголски лакови биле во состојба да произведат сила од 60 кг, што е иста сила која ја развива англискиот долг лак кој бил двојно поголем.

Турците, Монголците и многу номадски племиња ја користеле воената тактика на масовно испалување на стрели од повлекување. Монголците биле познати по тоа што испалувале стрели седејќи на коњот наназад.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. * (1992) The Traditional Bowyers Bible Volume 1. The Lyons Press. ISBN 1-58574-085-3