Унгарска илустрирана хроника

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Првата страница на Илустрирана хроника

Илустрирана хроника е средновековна илустрирана хроника од Кралството Унгарија од втората половина на XIV век. Тој го претставува меѓународниот уметнички стил на кралскиот двор на Лајош I Анжујски.

Неговото полно име е: Chronicon pictum, Marci de Kalt, Chronica de gestis Hungarorum односно Илустрирана хроника, Марк Калтовска хроника за делата на Унгарците.

Историја на хрониката[уреди | уреди извор]

Хрониката ја напишал Марк Калти кратко време по 1358 година, а последните илустрации биле завршени помеѓу 1370 и 1373 година. Хрониката ја дал унгарскиот крал Лајош I на францускиот крал Шарло V, кога ќерката на Лајош, била верена со синот на шарло, Луј I, војводата од Орлеан.[1]

Хрониката потоа му била дадена на Ѓорѓе Бранковиќ во 1456 година, каде што била копирана, а подоцна изгубена, можеби поминала извесно време во турска сопственост.[1]

Оваа хроника повторно се појавила во првата половина на 17 век во кралските архиви во Виена, поради што се нарекува и Винеска илустрирана хроника. Ракописот сега се чува во Националната библиотека на Унгарија, во Будимпешта.[1]

Прикажана историја[уреди | уреди извор]

Илустрациите кои се 147 на број се одличен извор на информации за средновековната унгарска културна историја, костимите и дворскиот живот во 14 век. Многу од минијатурите што се гледаат во оваа хроника се насликани со злато. Уметничката вредност на минијатурите е доста висока, ако ги споредиме сличните минијатури од другите делови на Западна Европа од истото време. Ликовите се нацртани со детали и со познавање на анатомијата. Дури и очното јаболко е насликано, што може да се провери само преку микроскоп.

Сите минијатури кои го прикажуваат Атила се нарушени или дури и избришани, особено последната што ја покажува смртта на Атила. Ова не може да биде поради времето, бидејќи сите други минијатури и текст се зачувани добро. Минијатурите користат симболика, односно на сликата што го претставува првото доаѓање има камила, а за второто доаѓање има бел коњ, што веројатно значи дека влегувањето во Панонската Низина првиот пат не било успешно, како што камилата е „пренасочен“ коњ, а белиот коњ е „чист квалитет“. Текстот на латинскиот е без грешка и со висок квалитет.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Pražák, Nechutová, Bartoňková (1988). Legendy a kroniky koruny Uherské (Legends and chronicles of Hungarian crown). Prague: Nakladatelství Vyšehrad. стр. 340–346.