Уна (филм)
| Уна | |
|---|---|
| Режисер | Милош Радивојевиќ |
| Продуцент | Драгољуб Војнов Ѓорѓе Зечевиќ |
| Сценарист | Небојша Пајкиќ по романот на Момо Капор |
| Главни улоги | Соња Савиќ Раде Шербеџија Милена Дравиќ |
| Жанр | романса |
| Музика | Корнелие Ковач |
| Кинематографија | Александар Петковиќ |
| Монтажа | Вуксан Луковац |
| Дистрибутер | Филм данас Белград Smart Egg Pictures Лондон Croatia film Загреб |
| Премиера | 1984 |
| Времетраење | 110 минути |
| Земја | |
| Јазик | српски |
„Уна“ — југословенски филм од 1984 година. Филмот го режирал Милош Радивојевиќ, а сценариото го напишал Небојша Пајкиќ според истоимениот роман на Момо Капор.[1][2]
Дејство
[уреди | уреди извор]Филмот „Уна“ е приказна за љубовната врска меѓу студентката Уна Војводиќ (ја игра Савиќ) и професорот Мишел Бабиќ (го игра Шербеџија), кој е постар 24 години од неа.[3]
Едно романтично интервју, наменето за читателите на студентскиот весник, го менува животот на студентката Уна и еден угледен професор. Таа е убава и интелигентна, но недорасната за комплицираните врски во кои западнала, а професорот е човек чии предавања за масовните медиуми најмногу се слушаат на факултетот, но неговите тези не наидуваат на одобрување во бирократските кругови на универзитетот.[4] Продеканот на факултетот (го игра Краљ) успева да ја вклучи Уна во играта со професорот. Така, едно безопасно интервју се претвора во досие на животните, филозофските и идеолошките ставови на контроверзниот професор, а потоа во злонамерен извештај за неговиот живот, однесување, делување и движење...[2][5]
Улоги
[уреди | уреди извор]| Глумец | Улога |
| Соња Савиќ | Уна |
| Раде Шербеџија | Професор Мишел Бабиќ |
| Милена Дравиќ | Жената на Мишел |
| Петар Краљ | Продеканот |
| Душан Јаниќијевиќ | Татко ѝ на Уна |
| Светислав Гонциќ | Горан |
| Миодраг Јаковљевиќ | Врана |
| Предраг Милинковиќ | сопственикот на книжарата |
| Драгољуб Војнов | Другарот Предраг Петровиќ |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Уна“. filmovi.com. Посетено на 21 август 2013.
- 1 2 „Уна“. Мој Тв. Посетено на 22 јануари 2021.
- ↑ „У ЊЕМУ СЕ СКИДАЛА НАЈЛЕПША СРПСКА ГЛУМИЦА Овај филм је проглашен "првим софт порнићем" југословенске кинематографије“. Блиц. Посетено на 22 јануари 2021.
- ↑ „Уна“. Ртс. Посетено на 22 јануари 2021.
- ↑ „Уна“. Тв Профил. Архивирано од изворникот на 2021-12-16. Посетено на 22 јануари 2021.