Прејди на содржината

Унарна операција

Од Википедија — слободната енциклопедија

Унарна операцијаматематичка операција која прифаќа само еден параметар (латински: unum, еден).

Математички унарни оператори

[уреди | уреди извор]

Во математиката, во унарни оператори спаѓаат:

ОператорЗаписЗначење
--xпромена на знакот на операндот
!x!факториел
!!xлев факториел
квадратен корен
апсолутна вредност
lnln xприроден логаритам
log10log10xлогаритам за основа десет
eexантилогаритам
¬¬xлогичка негација
тригонометриски функции

Програмирање

[уреди | уреди извор]

Во програмирањето сите математички унарни операции имаат свој еквивалент, а постојат и некои додатни:

  • ++ (инкрементирање) – го зголемува операндот за 1
  • -- (декрементирање) – го намалува операндот за 1
  • & (референцирање) – ја враќа адресата на променливата или служи за правење алијас на променливата
  • * (дереференцирање) – ја враќа променливата чија адреса е дадена
  • ~ (бинарен комплемент) – ги заменува нулите во променливата со единици и обратно, се користи за запис на негативни броеви

Поврзано

[уреди | уреди извор]