Прејди на содржината

Ум-Умара

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ум-Умара (арапски: نسيبة بنت كعب; или Ум-Амара, Ум-Мара[1]) — една од првите поддржувачи на пророкот Мухамед и прва жена која се борела со оружје за исламот. Живеала во првата половина на 7 век, но точните датуми на нејзиното раѓање и смрт не се познати.

Кратка биографија

[уреди | уреди извор]

Нусајба била сестра на Абдул инб Каба и мајка на Абдул и Хабиб ибн Зајд ал-Ансарија[1]. Како вдовица и првоборка, била една од највлијаелните членови на Мухамедовиот умет за време на нивното престојување во Медина и битката со арапските племиња кои не го прифатиле исламот. Пред Битката кај Ухуд, Умара и Ум-Асма барале од мажот на Асма да го праша Мухамед за дозвола и тие да учествуваат во битката, но не како помошнички на видарка, туку како првоборки, на што пророкот Мухамед им дал дозвола. Освен во оваа, учествувала и во битките кај Хунајна и Јамама и кај Примирје на Худејбија. После војната, се вратила во Медина каде продолжила да проповеда ислам. Бидејќи нејзиниот маж Газија, и нивните синови Абдул и Хабиб не ја преживеле Битката кај Ухуд, таа се омажила за мажот на Ум-Асме ибн Амр и му родила две деца - син Тамима и ќерка Кавла[2][3].

Ум-Умара најмногу со својот штит го бранела Мухамед од непријателските стрели. Со тоа таа била ранета единаесет пати. Од дванаесетта стрела изгубила свест и така останала до крајот на битката. Кога битката завршила, таа се освестила и веднаш прашала дали е Пророкот жив. Мухамедовиот пријател Омер, рекол: „Когаш и да се окренам, зад мене ја гледам Ум-Умара како ме брани“.

  1. 1,0 1,1 Ghadanfar, Mahmood Ahmad. "Great Women of Islam", Riyadh. 2001.pp. 207-215
  2. Qassem, Hamzah. „Umm 'Umara: The Prophet's Shield at 'Uhud - SunnahOnline.com“. sunnahonline.com. Архивирано од изворникот на 2021-01-22. Посетено на 2021-01-23.
  3. Ghadanfar, Mahmood Ahmad (26 December 2017). Great Women of Islam. Darussalam. ISBN 9789960897271 – преку Google Books.