Умар Садик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Умар Садик
Sadiq Umar.jpg
Лични податоци
Полно име Умар Садик Месба
Роден на 2 февруари 1997 (1997-02-02) (26 г.)
Роден во Кадуна, Нигерија
Држава Нигерија Нигерија
Висина &100000000000001920000001,92 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Алмерија Алмерија
Број 9
Младинска кариера
600px trisection horizontal White HEX-22B14C HEX-FFF200.svg Фудбал Колеџ Абуџа
Лавањезе Лавањезе
Специја Специја
Рома Рома
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2013-2014 Лавањезе Лавањезе 1 (0)
2014-2015 Специја Специја 0 (0)
2015-2016 Рома Рома 6 (2)
2016-2017Болоња Болоња 7 (0)
2017-2018Торино Торино 3 (0)
2018НАК Бреда НАК Бреда 12 (5)
2018-2019Ренџерс Ренџерс 1 (0)
2019Перуџа Перуџа 17 (3)
2019-2020 Партизан Партизан 28 (15)
2020- Алмерија Алмерија 59 (28)
Репрезентација
2016 Нигерија Нигерија 23 6 (4)
2021- Нигерија Нигерија 4 (1)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 23 април 2021.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 23 април 2021

Умар Садик (роден на 2 февруари 1997 година, во Кадуна) — нигериски фудбалер, напаѓач на Алмерија и на нигериската репрезентација.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Садик започнал да се занимава со фудбал во родната Нигерија, од каде како играч на Фудбал Колеџ Абуџа во 2013 година дошол на младинскиот турнир „Кварнерска ривиера“, во Ријека.[1] Неговиот клуб го освоил тој турнир, а Садик бил најдобар стрелец.

Набргу потоа тој добил повик од италијанскиот фудбалски клуб Специја, кои потпишале договор со него во ко-сопственост со Лавањезе,[2] екипа од Серија Д, каде ја поминал првата година од договорот. Следната година, тој се вратил во Специја, каде и покрај тоа што никогаш не дебитирал за првиот тим, тој бил најдобар стрелец во Кампионато Примавера 2014-2015 со 26 гола.

Рома и разни позајмици[уреди | уреди извор]

Во летото 2015 година, Садик стигнал на едногодишна позајмица во Рома.[3][4] Во првите четири натпревари во младинските категории на Римската волчица постигнал дури осум голови и забележал уште три асистенции.[1] Тие игри набргу му донеле повик за првиот тим на Рома, за кој дебитирал на гостувањето кај Болоња во натпревар од Серија А на 21 ноември 2015, заменувајќи го Хуан Итурбе во 88-мата минута.[1] За време на сезоната 2015-2016, одиграл шест натпревари во првенството и постигнал два гола.[5] Својот прв гол во професионалната кариера го постигнал на 20 декември 2015, во победата на џалоросите со 2-0 над Џенова на Олимпико. На тој натпревар, Садик влегол во игра во 82-рата минута на местото на Мохамед Салах, а веќе во 89-тата минута го постигнал вториот гол за Рома во натпреварот.[6][7] Вториот гол го постигнал веќе во следното коло кога Рома му гостувала на Кјево; тој го започнал натпреварот во почетниот состав и веќе во седмата минута го постигнал првиот гол во натпреварот кој завршил нерешено 3-3.[8][9] По завршувањето на сезоната, во јуни 2016 година, тој потпишал четиригодишен договор со Рома.[10]

Откако Рома го обезбедила неговиот потпис, решила да го позајми Садик со цел играчот да стекне повеќе искуство. Сепак, набргу тој ќе стане играч кој ќе оди од една на друга позајмица и никогаш повторно нема да се врати во Рома. Во августу 2016, тој отишил на едносезонска позајмица во Болоња.[11] Во дресот на оваа екипа за време на сезоната 2016-2017, одиграл седум натпревари во Серија A, без постигнат гол.[5] Во август 2017, тој бил проследен на нова позајмица во истата лига, во екипата на Торино,[12] каде после првиот дел од сезоната одиграл само три натпревари. Поради слабата минутажа неговата позајмица во Пиемонт била прекината и во јануари 2018, тој отишол на нова, овојпат во холандскиот прволигаш НАК Бреда.[13] На 17 февруари 2018, тој го постигнал првиот гол во дресот на Бреда во поразот со 1-3 од Аз Алкмар. Во вториот дел од сезоната 2017-2018, тој забележал 12 настапи за Бреда и постигнал вкупно пет голови, помагајќи му на клубот да го избегне испаѓањето.[5]

Во јули 2018, започнала неговата четврта позајмица по договорот на Рома со шкотскиот Ренџерс.[14] Под водството на поранешната ѕвезда на Ливерпул и англиската репрезентација, Стивен Џерард, Садик не успеал да се избори за место играјќи многу малку па шкотското искуство за него траело само шест месеци (со само четири настапи), исто така благодарение и на малтретирањето што таму го добил од нигериецот, кој како одговорни за „понижувањата“ ги посочил управата и токму тренерот Џерард.[15]

Во јануари 2019, Садик се вратил во Италија, приклучувајќи му се на позајмица на второлигашот, Перуџа.[16] Дебитирал на 19 јануари во поразот на домашен терен од Бреша. Сезоната во Перуџа ја завршил (играл само во вториот дел од сезоната 2018-2019) со 18 настапи и 3 гола во Серија Б.[5]

Партизан и Алмерија[уреди | уреди извор]

Во јули 2019 година, Садик му се приклучил на белградски Партизан на позајмица до крајот на сезоната 2019-2020, што ќе биде последен пат за него да биде пратен на позајмица во друг клуб како играч на Рома.[17] За време на договорот за позајмица била договорена и опција за откуп на играчот по истекот на периодот на заем.[18] Дебитирал за црно-белите во победата со 1–0 нагости против Инѓија во српското првенство на 21 јули. Кон крајот на јануари 2020, Партизан го откупил Садик[19] за сума од 1,75 милиони евра, а исто така била вметната и клаузула според која на Рома ќе и припаднат и 10 проценти од наредниот трансфер.[20] Својата прва сезона во Србија ја завршил со 24 настапи и 12 голови во дресот на Партизан. Следната година тој игра во уште подобра форма постигнувајќи 6 голови во првите 10 натпревари за Партизан пред да го напушти клубот во октомври 2020 година.

На 5 октомври 2020, Садик потпишал петгодишен договор со шпанскиот второлигаш Алмерија.[21] На 3 јануари 2021 година, тој го реализирал својот прв хет-трик во кариерата во натпреаварот против Понферадина (3-1), постигнувајќи ги сите три гола во првите 30 минути од првото полувреме од натпреварот. Садик постигнал 20 гола за Алмерија во сезоната во која екипата завршила на третото место, и играле во плејофот за промоција на Сегунда Дивисион.[22] Сепак, на 5 јуни, по поразот со 3-0 од Жирона, Алмерија ремизирала со истиот противник во реваншот, со што ја напуштила трката за промоција во Примера Дивисион.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Во јули 2016 година, Садик бил избран во Олимписката репрезентација на Нигерија во составот од 18 играчи за Летните олимписки игри 2016.[23] Тој се појавил на сите шест натпревари на неговиот тим и постигнал четири гола на турнирот, вклучително и два гола во победата во натпреварот за третото место над Хондурас.[24]

На 12 март 2021 година, го добил својот прв повик во сениорската репрезентација.

Во декември 2021, тој бил повикан во составот за Африканскиот куп на нации 2021 во Камерун. Во првото коло на турнирот против Египет, го направил своето деби за Super Eagles.

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Сениорска репрезентација

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Нигерија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
11-1-2022 Гаруа Нигерија Нигерија 1 – 0 Египет Египет Африкански куп на нации 2021 - Прва фаза - влегол во игра 72'
15-1-2022 Гаруа Нигерија Нигерија 3 – 1 Судан Судан Африкански куп на нации 2021 - Прва фаза - влегол во игра 82'
19-1-2022 Гаруа Гвинеја-Бисао Гвинеја-Бисао 0 – 2 Нигерија Нигерија Африкански куп на нации 2021 - Прва фаза 1 заменет 57'
23-1-2022 Гаруа Нигерија Нигерија 0 – 1 Тунис Тунис Африкански куп на нации 2021 - Осминафинале - влегол во игра 75'
Вкупно Настапи 4 Голови 1

Олимписка репрезентација

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Нигерија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
5-8-2016 Манаус Нигерија Нигерија 5 – 4 Јапонија Јапонија Олимписки игри 2016 - Прва фаза 1
8-8-2016 Манаус Шведска Шведска 0 – 1 Нигерија Нигерија Олимписки игри 2016 - Прва фаза 1 заменет 74'
11-8-2016 Сао Паоло Колумбија Колумбија 2 – 0 Нигерија Нигерија Олимписки игри 2016 - Прва фаза -
14-8-2016 Салвадор Нигерија Нигерија 2 – 0 Данска Данска Олимписки игри 2016 - Четвртфинале - заменет 85'
17-8-2016 Сао Паоло Нигерија Нигерија 0 – 2 Германија Германија Олимписки игри 2016 - Полуфинале - заменет 64'
20-8-2016 Бело Хоризонте Хондурас Хондурас 2 – 3 Нигерија Нигерија Олимписки игри 2016 - за 3. место 2
Вкупно Настапи 6 Голови 4

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Mackenzie, Alasdair (18. 3. 2016.). „Umar Sadiq: The Arsenal-linked Roma starlet who wants to be the next Kanu“ (англиски). FourFourTwo. Посетено на 3. 7. 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  2. „La Roma Primavera prende dallo Spezia Nura e Sadiq, mister 26 gol“. 4 luglio 2015. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. „Mercato: i movimenti dei giovani“ (италијански). acspezia.com. 1. 9. 2015. Посетено на 3. 7. 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  4. „Sadiq fa sempre gol, la Roma lo riscatta“ (италијански). calciomercato.com. 4. 11. 2015. Посетено на 3. 7. 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 „Умар Садик“ (англиски). soccerway.com. Посетено на 3. 7. 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  6. „Roma vs. Genoa 2 - 0“ (англиски). soccerway.com. Посетено на 3. 7. 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  7. „Gallery: A dream moment for Sadiq Umar“ (англиски). asroma.com. 20. 12. 2015. Посетено на 3. 7. 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  8. „Chievo vs. Roma 3 - 3“ (англиски). soccerway.com. Посетено на 3. 7. 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  9. „Sadiq wins Man of the Match vote“ (англиски). asroma.com. 8. 1. 2016. Посетено на 3. 7. 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  10. „Nura and Sadiq join Roma on permanent basis“ (англиски). asroma.com. 21. 6. 2016. Посетено на 3. 7. 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  11. „Sadiq completes move to Bologna“ (англиски). asroma.com. 31. 8. 2016. Посетено на 3. 7. 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  12. „Striker Sadiq joins Torino“ (англиски). asroma.com. 16. 8. 2017. Посетено на 3. 7. 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  13. „Nigeria Olympic star Sadiq Umar joins NAC Breda on loan from Roma“ (англиски). bbc.com. 27. 1. 2018. Посетено на 3. 7. 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  14. „Sadiq Umar agrees deal to join Rangers on loan“ (англиски). asroma.com. 10. 7. 2018. Посетено на 3. 7. 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  15. https://sport.sky.it/calcio/2019/03/24/sadiq-rangers-umiliato-da-gerrard. Занемарен непознатиот параметар |titolo= (се препорачува |title=) (help); Занемарен непознатиот параметар |accesso= (се препорачува |access-date=) (help); Отсутно или празно |title= (help)
  16. „Rangers flop Umar Sadiq completes loan move to Serie B side Perugia from Roma“ (англиски). thescottishsun.co.uk. 10. 1. 2019. Посетено на 3. 7. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  17. „GOTOVO: Sadik u Partizanu za 100.000 evra“. mozzartsport.com. 2. 7. 2019. Посетено на 3. 7. 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  18. Stanković, Dejan (17. 1. 2020). „Sve o ugovoru Umara Sadika i da li Roma može da od Partizana traži više od 1.600.000?“. mozzartsport.com. Посетено на 17. 1. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  19. „Kupljeno: Partizan za Sadika dao 1.700.000 evra! Ugovor do 2023“. mozzartsport.com. 30. 1. 2020. Посетено на 26. 2. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  20. „Romina potvrda u finansijskom izveštaju: Partizan kupio Sadika za 1.750.000 evra“. mozzartsport.com. 28. 2. 2020. Посетено на 28. 2. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  21. „Sadik zvanično u Almeriji – zadužio "devetku". b92.net. 5. 10. 2020. Посетено на 5. 10. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  22. „Risultati Segunda Division B Play Off delle Perdenti 2019/2020 in diretta, Calcio Spagna - Diretta.it“. www.diretta.it (италијански). Посетено на 2021-06-07.
  23. „John Mikel Obi named in Nigeria's Olympic squad“. bbc.com. 25 July 2016. Посетено на 28 October 2019.
  24. „Sadiq fires Nigeria to Olympic bronze medal“. asroma.com. 21 August 2016. Посетено на 9 July 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]