Ултрамарин (роман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ултрамаринроман на српскиот писател Милета Продановиќ од 2011 година. Во 2015 година, романот бил објавен на македонски јазик од страна на издавачката куќа „Магор“.

Содржина[уреди | уреди извор]

„Ултрамарин“ е роман за смртта на таткото и начинот на којшто авторот се соочува со неа. Нараторот ги разгледува и пакува предметите оставени во сликарското студио на својот татко и тоа иницира долги сеќавања за случките од нивниот заеднички живот, а особено за патувањата низ Италија.[1]

Осврт кон романот[уреди | уреди извор]

„Ултрамарин“ е роман за созревањето со уметноста и преку уметноста. Насловот на романот има неколку симболични значења: ултрамаринот е омилената боја во сликите на таткото, тоа е бојата на морето за време на нивното патување на Медитеранот, но и боја што има амбивалентни метафизички конотации. Романот се одликува со интеракција меѓу текстот и визуелните уметности - фотографии и колажи - кои во романот не играат улога на илустрации, туку се автономни елементи на текстот.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 16.
  2. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 16.