Улрих фон Хутен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Улрих фон Хутен

Улрих фон Хутен (роден во место кај градот Шлихтерн на 21 април 1488 година - починал на островот Уфенау на Циришкото езеро на 29 август 1523 година) - германски писател и хуманист. Помагал при создавањето на делото Epistolae obscurorum virorum. Во 1517 бил крунисан со ловоров венец од страна на царот Максимилијан I. Што се однесува до политичкиот живот, се борел за отстранување на сепаристичките тенденции на кнезовите и се залагал за создавање на силно германско кралство независно од црквата и папата, кое својата моќ ќе ја базира врз витешкиот сталеж. За да ја остврари својата цел тој се поврзува со Мартин Лутер и Франц Шикинген. Откако Шикинген загинал во 1523 година за време на војната против трирскиот бискуп, Хутел избегал кај Цвинглиј во Швајцарија, каде што и подоцна умрел.