Улогата на моето семејство во светската револуција (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Улогата на моето семејство во светската револуција“ (српски: Улога моје породице у свјетској револуцији) — југословенски филм во режија на Бата Ченгиќ, снимен според истоимениот роман на Бора Ќосиќ од 1969 година. Главните улоги ги играат: Драган Николиќ, Милена Дравиќ, Данило Бата Стојковиќ, Бранка Петриќ и Миливоје Томиќ. Филмот претставува пародија на политичкиот систем во СФРЈ, а премиерно бил прикажан на Пулскиот филмски фестивал, но веднаш потоа бил забранет и никогаш не се прикажувалво кино-салите.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Во филмот се прикажуваат доживувањата на едно семејство по завршувањето на Втората светска војна, кога доаѓа до промена на политичкиот систем. Промените се одразуваат на секојдневниот живот на семејството, кое ги учи новите песни кои се пеат, а ги заборава старите обичаи, како изработката на гоблените...

Наводи[уреди | уреди извор]