Улица - врвулица

Од Википедија — слободната енциклопедија

Улица - врвулица е илустрирана книга (сликовница) од 1989 година, издадена од „Детска радост“ како дел од библиотеката „Росица“. Илустрациите во книгата ги направил Душан Петричиќ. Сликовницата обработува теми од сообраќајното воспитување на децата и таа била издадена како програмска активност на Републичката самоуправна интересна заедница за предучилишно и основно воспитание и образование и општествена заштита на децата.

Сликовницата била испечатена во печатницата на НИПРО „Нова Македонија“, во Скопје. Идејата за сликовницата, дизајнот и ликовното обликување било дело на Александар Цветкоски. Рецензенти на книгата била: Димитар Кондовски, Зоран Ѓуровски и Лилјана Самарџиска.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Улица - врвулица, Детска радост, Скопје, 1989.