Украински Албанци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Албанци во Украина
Вкупен број
4,400-5,250 види подолу
Подрачја со значајно население
Јазици
Албански, Украински
Вероисповед
Православни Христијани, Католици
Карта со местата каде се населени украинските Албанци

Украинските Албанци се етничка малцинска група која што се наоѓа главно во Запорошката област и Буџак. Тие потекнуваат од албанските бунтовници кои се бореле против Отоманското Царство во руско-турските војни и му било дозволено да се населат во Руската Империја во XVIII век.

Историја[уреди | уреди извор]

Историската заедница на Албанците во Украина се нарекуваат себеси „албански: Shqiptarë“. Тие исто така понекогаш се нарекуваат Арнаути. Нивните предци дошле во Украина во XVIII и XIX век. Доаѓањето на Албанците било поврзано со руско-турската војна (1768-1774). За време на оваа војна православните Албанци бунтувале против моќта на Отоманското Царство. На крајот на војната околу 1,700 Албански војници и нивните членови на семејствата заминале во Руската Империја. Тие главно се населиле во близина на Керч и Еникале. Подоцна Албанските имигранти главно се населиле во близина на Одеса. Со текот на времето многу Албанци биле асимилирани во Грци, Руси или Украинци во овие области.

Демографија[уреди | уреди извор]

До крајот на XX век, само неколку години пред падот на УССР Албанците во Украина биле главно населени во Запорошката област: Геандран, денеска (Ханивка), Таз (денеска Дивнинске) и Туиушки (денеска Хорхивка). Исто така постои едно Албанско село во Буџак: Каракурт (албански: Karakurti, романски: Caracurt, украински: Каракурт и од 1947 Жовтневе). Во 1958 имало 5,258 Албанци во целиот Советски Сојуз. Нивниот број паднал на 4,402 до 1970.

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Виксман, Роналд. The Peoples of the USSR: An Ethnographic Handbook. (Armonk, New York: M. E. Sharpe, Inc, 1984) стр. 8
  • Олсон, Џејмс С., An Ethnohistorical Dictionary of the Russian and Soviet Empires. (Westport: Greenwood Press, 1994) стр. 28-29

Надворешни врски[уреди | уреди извор]