Прејди на содржината

Узбекизација

Од Википедија — слободната енциклопедија

Узбекизација — процес на принудување или поттикнување узбечки идентитет или узбечка култура преку различни административни средства. Терминот се однесува на специфичните форми на домороднизација (коренизација) што се случиле во Узбекистан за време на процесот на национално разграничување во Средна Азија во 1920-тите и раните 1930-ти години.

Поради притисоците за асимилација кои започнале во 1924 година со создавањето на Узбечка ССР, етничките Таџици често избирале да се идентификуваат како Узбеци во пописните формулари и претпочитале да бидат регистрирани како Узбеци во нивните пасоши за да не бидат принудени да ја напуштат републиката за помалку развиениот земјоделски и планински Таџикистан.[1] Додека според официјалната статистика на Узбекистан вкупното таџикистанско население во Узбекистан изнесувал околу 5%,[2][3] субјективните стручни проценки сугерираат дека Таџиците можат всушност да сочинуваат дури 25%-30% од вкупното население на земјата.[4] Предсоветската статистика дава различни податоци. Според статистичките податоци од 1887-1888 година, од вкупното население од 254.195 жители во областа Самарканд, Узбеците биле 73% од населението со 186.532 жители, а останатите жители биле Таџици, Руси, Арапи, Иранци и други.[5]

По распадот на Советскиот Сојуз, терминот „узбекизација“ се применувал за процесите во Узбекистан кои ги отстранувале резултатите од советизацијата и русификацијата. Меѓу овие процеси биле враќањето и растењето на важноста на узбечкиот јазик, кој го заменил рускиот јазик во задолжителното образование, како и промовирањето на узбечката традиција и култура.

Од 2017 година ситуацијата во Узбекистан се променила и се посветува поголемо внимание на развојот на етничките малцинства и се создаваат сите услови за нивен развој. Во Самарканд се објавува весникот на таџички јазик „Овози Самарканд“, а градскиот приватен телевизиски канал STV и регионалниот државен телевизиски канал МТРК Самарканд делумно се емитуваат на таџички. Популарниот информативен ресурс во Узбекистан, Јанги Узбекистан, лансирал верзија на својата веб-страница на таџички јазик во 2021 година.[6]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Rahim Masov, The History of the Clumsy Delimitation, Irfon Publ. House, Dushanbe, 1991 (на руски). English translation: The History of a National Catastrophe, transl. Iraj Bashiri, 1996.
  2. „Results of population censuses in Uzbekistan in 1959, 1970, 1979, and 1989“. Архивирано од изворникот на 2008-06-20. Посетено на 2008-06-09.
  3. CIA World Factbook: Uzbekistan (1996 est.)
  4. Richard Foltz, "The Tajiks of Uzbekistan", Central Asian Survey, 15(2), 213-216 (1996).
  5. Сборник материалов для статистики Самаркандской области за 1887—1888 годы. Выпуск 1. Самарканд,1890, с. 249—250
  6. „Узбекская газета стала выходить на таджикском языке - Читайте на Halva“. Архивирано од изворникот 2023-11-07. Посетено на 2023-09-23.