Ужгород

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ужхород)
Ужгород
Ужгород
Знаме на УжгородГрб на Ужгород
Ужгород is located in Украина
Ужгород
Ужгород
Местоположба на Ужгород
Координати: 48°37′26″N 22°17′32″E / 48.62389° СГШ; 22.29222° ИГД / 48.62389; 22.29222Координати: 48°37′26″N 22°17′32″E / 48.62389° СГШ; 22.29222° ИГД / 48.62389; 22.29222
Земја Украина
ОснованIX век
Управа
 • ГрадоначалникБогдан Андреев
Површина
 • Вкупна65 км2 (25 ми2)
Надм. вис.&10000000000000169000000169 м
Население (2015)
 • Вкупно115.520
 • Густина4.172/км2 (10,810/ми2)
Пошт. бр.88000
Повик. бр.+380/312
Мреж. местоУжгород
Поранешната Ужгородска синагога, сега филхармонија

Ужгород (украински: Ужгород, русински: Уґоград, унгарски: Ungvár) — град во западна Украина, на границата со Словачка и во близина на Унгарија. Градот е главен град (административен центар) на Закарпатија, како и на истоимениот реон. Градот исто така се смета за град од регионално/обласно значење на Украина, кое му дава статус еквивалентен на реон. Население според пописот од 2013-та: 116349 жители.

Име[уреди | уреди извор]

Градот името го добива од реката Уж која го дели градот на два дела: стар и нов, а „хород“ е старословенскиот збор „градъ“. Ова име е ново, и датира од XX век. Пред тоа градот бил познат како Унгвар/Онгвар/Хунгвар (Ungvár / Ongvár / Hungvár). Исто така е користено и Унгујвар (Unguyvar) кое значи “Тврдина на Уж” каде “Унг” е унгарско име за Уж, а “вар” е тврдина. Градот е познат и под други имиња како: чешки: Užhorod; словачки: Užhorod; германски: Ungwar, Ungarisch Burg; полски: Użhorod; романски: Ujgorod.

Историја[уреди | уреди извор]

Рана историја[уреди | уреди извор]

Стариот град и римокатоличката црква

Основачи на градот се старите Словени, едно од нивните племиња Бели Хрвати живеело на тие простори во втората половина на првиот милениум. Во IX век Ужгород прераснал во тврдина која била центар на словенско кнежевство на чело со Лаборец кој бил вазал на Велика Моравија. Во 895 г. Унгарските племиња на чело со Арпад го нападнале и уништиле Ужгород, притоа Лаборец бил обезглавен и фрлен во реката која и ден денес го носи неговото име во источна Словачка. Со доаѓањето на Унгарците, малиот град започнал да се проширува. Во периодот 1241-1242, Монголците предводени од Бату Кан ја запалиле населбата. Во раниот XIV век Ужгород покажал силен отпор кон новите унгарски владетели од Анжујската династија. Од 1318 па се во наредните 360 години со градот владееле италијанските грофови Другет. Во тој период Филип Другет го изградил Ужгородскиот замок. Заедно со замокот, процветал и градот. Од 1430 г. Ужгород станал слободен кралски град. Во XVI и XVII век во Ужгород било развиено мануфактурното занаетчиство. Во истиот период градот бил зафатен од религиозни војни меѓу протестантската Трансилванија и католичката Австрија. Во 1646 г. била прогласена Ужгородскиот Сојуз и Русинската гркокатоличка црква била воспоставена во Поткарпатија со церемонија водена од пратеник од Ватикан – Аегис. Во 1707 г. Ужгород бил дом на Ференц II Ракоци, водач на народноослободителната војна на Унгарците против Виена. Почетокот на XIX век бил карактеризиран со економски промени, биле отворени првите индустриски капацитети во градот. Најголемо влијание на Ужгород имала унгарската револуција , во која унгарското благородништво го отфрлило влијанието на Австриската империја и го добила правото да ги управува Унгарците во империјата. 27 март 1848 официјално се славел во Ужгород како ден на отфрлување на монархијата во Унгарија. Во 1872 г. била отворена првата железница со која Ужгород бил поврзан со Чоп.

XX век[уреди | уреди извор]

Според пописот од 1910 г. градот имал 16919 жиели од кои: 13590 (80.3%) биле Унгарци, 1219 (7.2%) Словаци, 1151 (6.8%) Германци, 641 (3.8%) Русини and 1.6% Чеси.[1] Во исто време општинската област на градот имала 10541 (39.05%) Унгарци, 9908 (36.71%) Словаци, и 5520 (20.45%) Русини.[2] Првата светска војна го забавила темпото на развојот на градот. На 10 септември 1919 г. Карпатската Рутенија била официјално предадена на Чехословачка. Ужгород станал административен центар на истата. За време на Чехословачка Ужгород станал архитектонски модерен град. После Мирот во Трианон од 1920 г. градот станал дел од словачката половина од новата Чехословачка држава.

Црква Св. Микола (Никола)

После првата виенска арбитража во 1938 г. Ужгород бил предаден на Унгарија. [1] На 27 октомври 1944 градот бил ослободен од 4-тиот украински фронт на Црвената Армија. [2] Овој период донел значајни промени за градот. Биле отворени нови претпријатија надвор од градот, а старите биле реновирани. [3] На 29 јуни 1945 г. Подкарпатската Украина била анексирана од СССР и станала најзападниот дел од Украинската ССР. Таа година бил отворен и УДУ (Ужгородски Национален Универзитет). Од јануари 1946 г. градот станал центар на новоформираната Закарпатска област. Од 1991 Ужгород станал еден од 24 обласни главни градови на Украина. Ужгород е најмалиот и најзападниот обласен главен град во Украина. Во 2002, после контроверзиите, на главниот плоштад во градот била поставена биста на Томаш Гариг Масарик, прв претседател на Чехословачка. Слична биста била откриена и во 1928 г., во чест на десетгдишнита од Чехословачката независност. Истата биста била уништена кога Унгарците во 1939 г. го добиле градот.

Клима[уреди | уреди извор]

Сакура во Ужгород

Ужгород има морска клима, блиску на умереноконтинентална клима со свежи до ладни зими и жешки лета. Најстуден месец е јануари со просечна температура од 1.7 °C, додека најтопол месец е јули со просечна температура од 20.9 °C.[3] Најниска температура е забележана е -28.2 °C и најтоплата температура е 38.6 °C. Просечните врнежи од дожд се 744 мм.[3] Просечно Ужгород има 1950 сончеви часови годишно.[4]

реката Уж
Дрвена гркокатоличка црква во Музејот на народната архитектура и живот
Климатски податоци за Ужгород
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 13.3
(55.9)
17.2
(63)
25.4
(77.7)
28.6
(83.5)
31.4
(88.5)
34.1
(93.4)
38.6
(101.5)
36.5
(97.7)
34.4
(93.9)
26.1
(79)
21.1
(70)
15.6
(60.1)
38.6
(101.5)
Прос. висока °C (°F) 1.3
(34.3)
3.7
(38.7)
9.8
(49.6)
16.7
(62.1)
22.0
(71.6)
24.6
(76.3)
26.9
(80.4)
26.6
(79.9)
21.2
(70.2)
15.4
(59.7)
8.2
(46.8)
2.7
(36.9)
14.9
(58.8)
Сред. дневна °C (°F) −1.7
(28.9)
−0.1
(31.8)
5.0
(41)
11.0
(51.8)
16.1
(61)
18.8
(65.8)
20.9
(69.6)
20.3
(68.5)
15.5
(59.9)
10.3
(50.5)
4.7
(40.5)
−0.2
(31.6)
10.1
(50.2)
Прос. ниска °C (°F) −4.8
(23.4)
−3.7
(25.3)
0.6
(33.1)
5.5
(41.9)
10.4
(50.7)
13.1
(55.6)
15.0
(59)
14.5
(58.1)
10.3
(50.5)
5.7
(42.3)
1.4
(34.5)
−3.0
(26.6)
5.4
(41.7)
Најниска забележана °C (°F) −28.2
(−18.8)
−26.3
(−15.3)
−17.5
(0.5)
−6.2
(20.8)
−0.9
(30.4)
1.5
(34.7)
5.4
(41.7)
4.4
(39.9)
−2.2
(28)
−9.3
(15.3)
−21.8
(−7.2)
−24.7
(−12.5)
−28.2
(−18.8)
Прос. врнежи мм (ин) 53
(2.09)
50
(1.97)
43
(1.69)
49
(1.93)
74
(2.91)
76
(2.99)
80
(3.15)
74
(2.91)
72
(2.83)
56
(2.2)
57
(2.24)
68
(2.68)
752
(29.61)
Прос. бр. дождливи денови 11 10 13 15 16 16 15 13 13 13 14 13 162
Прос. бр. снежни денови 14 12 5 1 0.03 0 0 0 0 0.3 5 12 49
Прос. релативна влажност (%) 82 76 67 62 65 68 67 69 73 76 80 83 72
Сред. бр. сончеви часови месечно 58.9 87.6 142.6 189.0 244.9 249.0 272.8 254.2 192.0 151.9 63.0 46.5 1.952,4
Извор бр. 1: Pogoda.ru.net[3]
Извор бр. 2: Hong Kong Observatory[4]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според украинскиот попис од 2001 г. населението на Ужгород по националност е:[5]

Сообраќај[уреди | уреди извор]

ЦЖС Ужгород.

Ужгород има централна железничка станица и истиот е поврзана со Чоп понатаму со Словачка и Унгарија и со Лвив понатаму со Киев. Ужгород има и меѓународен аеродром со директни летови кон Киев. Локалниот јавен превоз е по принципот “маршрутка”.

Спорт[уреди | уреди извор]

Градот е дом на СК Рус Ужгород, фудбалски клуб формиран во 1925 г. Сопернички клуб му е ФК Говерла Ужгород кој дебитирал и во Украинската премиер лига 2001-02.

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Ужгород е збратимен со со:

Значајни личности[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Atlas and Gazetteer of Historic Hungary 1914, Talma Kiadó Архивирано на 14 јануари 2017 г.
  2. „Ung County“. Genealogy Online. Архивирано од изворникот на 2008-03-29. Посетено на 17 March 2007.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Pogoda.ru.net“. Weather and Climate for Uzhhorod (руски). Посетено на 24 May 2013.
  4. 4,0 4,1 „Climatological Information for Uzgorod, Ukraine“. Hong Kong Observatory. Архивирано од изворникот на 2014-09-10. Посетено на 26 April 2012.
  5. „Zakarpattia Region“. Ukrainian 2001 census. Архивирано од изворникот на 2007-09-11. Посетено на 17 March 2007.
  6. „Städtepartnerschaften und Internationales“. Büro für Städtepartnerschaften und internationale Beziehungen (германски). Архивирано од изворникот на 2013-07-23. Посетено на 26 July 2013.
  7. „Twin cities of the City of Kosice“. Magistrát mesta Košice, Tr. Архивирано од изворникот на 2013-11-05. Посетено на 27 July 2013.
  8. „Krosno Official Website – Partner Cities“. (in Polish) [[copyright|]] 1998 – 2001 Urząd Miasta Krosna. Посетено на 23 October 2008.
  9. „Jarosław Official Website – Partner Cities“. (in Polish) [[copyright|]] 2008 Urząd Miasta Jarosław. Ul. Rynek 1, 37–500 Jarosław. Посетено на 23 October 2008.
  10. „Protocol de colaborare Ujgorod-Satu Mare“ (романски). www.satu-mare.ro. Архивирано од изворникот на 2013-05-27. Посетено на 27 June 2009.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]