Угра (национален парк)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Угра национален парк
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Зеркальная гладь Угры.JPG
МестоКалушка областРусија
Најблизок градКалуга
Површина986,245 км2
Воспоставен(а)1997 година
Управно телоФедерален центар за здравје на животни на Русија

Угра ( руски: Национальный парк Угра) е национален парк во централна Русија, сместен во Калушката област, во долината на реката Угра. Основан е на 10 февруари 1997 година за да ги заштити типичните пејсажи на централна Русија.[1] Во 2002 година , беше прогласен за резерват на биосферата на УНЕСКО. Седиштето на националниот парк е во Калуга.[2]

Географија[уреди | уреди извор]

Вкупната површина на паркот е 986 245 км². Се состои од седум кластери групирани во три области,[1][3]

  • Северниот дел ја вклучува долината Угра од границата со Смоленската област низводно до селото Курвоскоје. Овој дел се протега низ три реони: Дзержински, Износковски и Јухновски;
  • Јужниот дел ја опфаќа долината на реката Жиздра сè до нејзиниот влив;
  • Воротиншкиот дел, најмалиот од сите три, го опкружува селото Воротинск.

Некои од цицачите пронајдени во паркот се: лос, дива свиња, срна, европски дабар и бизамски стаорец. Сибирскиот воден крт е загрозен вид што живее во езерските подрачја во рамките на паркот.[1]

Туризам[уреди | уреди извор]

Реките во паркот се популарни за кајак.[1]

Паркот се наоѓа во историското подрачје со значителен број на културни атракции кои вклучуваат манастир Оптина, како и местото на Големата битка на Угра која во 1480 година се одиграал меѓу армиите на Големото Московско Кнежевство и Златната орда .[1]

Користена литература[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Угра“. ООПТ России. Посетено на 2. 1. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „Ugra“. UNESCO. Посетено на 31. 12. 2015.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „Общие сведения о парке“. Ugra National Park. Посетено на 31. 12. 2015.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]