Угнетување

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Угнетувањето произлегува од концептот на оптоварување, и често е претставено како такво. Тука, политичка карикатура покажува Евреин работејќи под метафоричното угнетување на рускиот цар.

Угнетувањето е користење на власт или моќ на мачен, суров или неправеден начин.[1] Тоа, исто така може да се дефинира како чин на угнетување, состојбата на угнетеност, и чувството да се биде во голема мера оптоварен, ментално или физички, со маки, неповолни услови или луѓе, и анксиозност.

Социјално угнетување[уреди | уреди извор]

Социјално угнетување е социјално поддржано малтретирање и експлоатација на група, категорија, или тим од луѓе или поединец.

Институционилизирано угнетување[уреди | уреди извор]

"Институционално угнетување се случува кога воспоставени закони, обичаи и практики систематски одразуваат и произведуваат нееднаквости врз основа на членството на некој во таргетираните групи. Ако угнетувачките последици се предизвикувани од институционалните закони, обичаи, или практики, институцијата е угнетувачка без разлика дали поединците кои ги одржуваат овие практики имаат угнетувачки намери или не."[2]

Систематско угнетување[уреди | уреди извор]

Полицијата и законот самите се често примери за систематско угнетување. Терминот угнетување во вакви случаи се однесува на подреденост на дадена група или општествена категорија од неправедна употреба на сила, авторитет, или општествени норми со цел да се постигне индоктринација. Преку институционализација, формална или неформална, се постигнува димензија на систематско угнетување. Угнетувањето вообичаено се доживува како последица на, и е експресирано преку, форма на преовладувачка, можеби несвесна претпоставка дека некој е на некој начин инфериорен. Угнетувањето ретко се ограничува само на формална владина акција: еден поединец може да биде посебен фокус на угнетување или прогон, и во такви околности да нема членство во група во која да го сподели, и на тој начин можеби ублажи, товарот од прогоните.

Во психологијата, расизмот, сексизмот и другите предрасуди, често се изучуваат како индивидуални верувања кои, иако не се самите угнетливи, можат да доведедат до опресија ако тие се кодифицирани со закон или станат дел од една култура. За споредба, во социологијата, овие предрасуди често се изучуваат како институционализирани системи на угнетување во некои општества. Во социологијата, алатките на угнетување вклучуваат прогресија на оцрнување, дехуманизација и демонизацијата; кои често генерираат жртвени јагниња, што се користи за да се оправда агресија врз целни групи и поединци.

Универзалната Декларација за Човекови Права и концептот за човекови права биле дизајнирани за да се ограничи угнетувањето, давајќи јасна артикулација на основните слободи кои било кој систем треба да им го овозможи на сите луѓе над кои има моќ.

Кога угнетувањето е систематизирано преку принуда, закани за насилство, или насилство од страна на владините агенции или не-владини паравоени сили со политички мотив, често се нарекува политичка репресија. Посуптилни облици на политичко угнетување/репресија можат да се произведат од страна на црни листи или индивидуални истраги.

Транснационалните системи на владеење кои често можат да бидат угнетувачки вклучуваат: колонијализам, диктатура, империјализам, апсолутна монархија и тоталитаризам, и можат да генерираат отпорно движење за соборување на угнетувачкото статус кво.

Наводи[уреди | уреди извор]

За понатамошно читање[уреди | уреди извор]

  • Guillaumin, Colette. 1995. Racism, Sexism, Power and Ideology. London: Routledge.
  • Hobgood, Mary Elizabeth. 2000. Dismantling Privilege: An Ethics of Accountability. Cleveland, OH: Pilgrim Press.
  • Young-Bruehl, Elisabeth. 1996. The Anatomy of Prejudices. Cambridge, MA: Harvard University Press.
  • Noël, Lise. 1994. Intolerance, A General Survey. Montreal: McGill-Queen’s University Press.bany, NY: State University of New York Press.
  • Smith, Morgan. 2008. Why I stick it to the man, and why you should too. New York: HarperCollins Publishers
  • Omi, Michael and Howard Winant. 1994. Racial Formation in the United States: From the 1960s to the 1990s. New York: Routledge.
  • Feagin, Joe R. and Hernan Vera. 1995. White Racism: The Basics. New York: Routledge.
  • Pincus, Fred L. 1999 and Howard J. Ehrlich, eds. 1999. Race and Ethnic Conflict: Contending Views on Prejudice, Discrimination, and Ethnoviolence. Boulder, Colo.: Westview.
  • Beck, Aaron, M.D. 1999 Prisoners Of Hate. New York: HarperCollins Publishers
  • Solzhenitsyn, Alexandr, "The Gulag Archipelago," Harper and Row, 1973
  • Kiernan, Ben, "The Pol Pot Regime: Race, Power, and Genocide in Cambodia under the Khmer Rouge, 1975-79," Yale University Press, 1996
  • Cudd, Ann E. 2006. Analyzing Oppression. Oxford: Oxford University Press.
  • Deutsch, Morton. 2006. A Framework for Thinking about Oppression and Its Change. "Social Justice Research", Vol. 19, No.1, March 2006, pp. 7–41.
  • muvirimi learnmore.the oppressor behaviour .2013 university of Zimbabwe press.