Угвентаријум

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Римски стаклени угвентариум, слика превземена од Ancienttouch.com)

Угвентариум или балсамариум (јаз-лат|unguentarium) е вид од стакло или Керамика (материјал) во кои се чувале мириси или миризливи масти, а кои се откриени во голем број во хеленистичка ера и римски локалитети. Најмногу овие садови се наоѓале во гробовите, по што порано довиле име лакримариум (јаз-лат|lacrimarium) – сад за собирање солзи кои се исплакани за покојникот.

Угвентариумот е првобитно производ од исток, каде мирисите и маслата се произведени.

Балсамариите можат да бидат во различни форми. Во текот на 1. век најраспространет балсамариј бил во форма на капка со помалку или повеќе профилиран обод и заоблено или благо заострено дно, кој се јавува од времето на Нерон и Флавијеваци. Често се во плаво-зелена боја. Во текот на 1. век во времето на Клаудије се јавуваат и тоалетни боци, со поголеми димензии, кај кои телото чини половина од цела боца. Кендлстик или балсамариј во облик на светилник, со проширени реципијент, благо вовлечено дно, долг врат и профилилиран обод е трет тип на садови за чување мириси и масла за јадење.

Литература[уреди | уреди извор]