Убиство без умисла

Од Википедија — слободната енциклопедија

Убиство без умисла е правен термин за убиство на човечко суштество на начин кој законот го смета за помалку виновен од убиството. Се смета дека првата разлика помеѓу убиството и убиството без умисла ја направил античкиот атински законодавец Дракон во 7 век н.е. Законот врз основа на кривичната намера или состојба на умот, ги разликува степените на кривичната вина. Ова е особено така во рамките на законот за убиството, каде убиството бара умисла за да се убие – состојба наречена злонамерност или премисла да се изврши кривично дело – со знаење дека резултатот на постапките ќе биде смрт; од друга страна пак убиството без умисла бара недостаток на каква било претходна намера да се убие или создаде смртоносна ситуација. Убиството без умисла најчесто се дели на две различи категории: убиство со умисла и убиство од небрежност. Во државите како што е Флорида убиството од небрежност не се дели на овој начин. Во Флорида, убиството без умисла се дефинира како Убивање на човечко суштество со дејствување, обезбедување или виновна неврежност на другиот, без законска судска надлежност според одредбите од глава 776 и во случаи во кои такво убивање нема да биде оправдано убиство...и е тешко кривично дело од втор степен кое се казнува со затворска казна до 15 години, без разлика на тоа дали делото е меѓународно или не. Доколку убиството без умисла се изврши на дете преку виновна небрежност со статутот на Флорида 827.03(3), тогаш кривичното дело е влошено убиство без умисла и е тешко кривично дело од прв степен, кое се казнува со затворска казна до 30 години. Казната е иста за убиство на постаро лице или лице со посебни потреби. Исто така во системот 10-20години, доколку се употребува огнено оружје на каков било начин, казната ќе биде поголема.

Убиство со умисла[уреди | уреди извор]

Убиство со умисла настанува кога обвинетиот убива со премисла да се изврши кривично дело (намера да се убие или да се нанесе тешка повреда), но постојат олеснувачки околности кои ја намалуваат вината или кога обвинетиот убива само со обид да нанесе тешка телесна повреда. Во некои области од судството се смета за помало кривично дело од убиството. Традиционалниот олеснувачки фактор бил провокацијата , но во различни судски надлежности се додадени и други фактори.

Закони во САД[уреди | уреди извор]

Постојат повеќе типови на убиство со умисла. Тука нема направено разлика помеѓу нив, бидејќи се тесно поврзани, односно не се разликуваат, па многу други судски надлежности во САД не прават разлика помеѓу нив. Понатаму се наведени некои примери за одбрана кои постојат за да се олесни убиството и да биде убиство со умисла. Провокација: убиство кое настанува по провокација преку настан кој може да предизвика губење на самоконтролата кај една разумна личност. Мора да постои период на смирување кој ќе ја одрекува провокацијата. Доколу постои временски период помеѓу провокацијата и убивањето, кој е доволен за разумната личност да се смири, убиството не е убиство од небрежност, туку убиство. Несовршена нужна одбрана: дозволена во ограничен број на судски надлежности во САД, нужната одбрана е целосна одбрана од убиство. Секако, личноста која дејствувала во нужната одбрана со искрено, но не и разумно верување дека убиството било неопходно, сепак може да биде обвинета за убиство со умисла или промислено убиство без кривична злонамерност. Злонамера се употребува доколку лицето убило намерно и без правен изговор или олеснителна околност. Намалена способност е одбрана која служи да се одрекува менталната состојба на „злонамерноста“. Доколку судската надлежност препознае дека лицето може да убие без оправдување, но исто така и без никаква зла намера, на пример, поради ментална мана или ментална болест, тогаш судската надлежност може да го определи делото за полесно од убиство. Оваа делумна одбрана е достапна само во некои судски надлежност на САД, а не во други, меѓутоа целосната одбрана за ментално пореметување e достапна низ САД, но се употребува ретко поради тоа што е тешко да се докаже.

Закон во Англија[уреди | уреди извор]

Законот за убиство 1957 година одредува три делумни одбрани кои го намалуваат убиството на убиство со умисла: намалена одговорност, провокација и самоубиствен пакт. Членовите 52-56 од Законот за судски вештаци и правда 2009година, ќе ги менуваат и ажурираат делумните одбрани на намалената одговорност и провокација (кои ќе се преименуваат во „губење контрола“), но овие одредби уште не се стапени на сила и нема одреден датум за да се стори тоа.

Намалена одговорност[уреди | уреди извор]

Ова опфаќа намалена ментална одговорност на злосторството, кое има недостаток на услови за целосна одбрана од ментално пореметување. Во член 2 од Законот за убиство 1957 година се опфатени три услови за обвинетиот да може да ја започне одбраната на намалена одговорност: - Обвинетиот страдал од абнормалност на умот во моментот на убивањето. Абнормалност на умот е „состојба поразлична од таа на обичните човечки суштества, која разумниот човек би ја нарекол ненормална.“ - Една од причините наведена во Законот ја предизвикала абнормалноста: состојба на спречен или ретардиран развој на умот, која било својствена причина или заболување или повреда. - Абнормалноста во голем дел ја намалува менталната одговорност на обвинетиот за убивањето. Голем дел значи дека недостатокот на контрола едноставно мора да е „повеќе од незначаен“.

Во член 2(2) од Законот обвинетиот мора да докаже дека страдал од таква состојба земајќи ги предвид сите можности.

Провокација[уреди | уреди извор]

Провокацијата најпрво беше вообичаена правна одбрана од убиство, но беше отстранета со член 3 од Законот за убиство 1957 година. Постојат две страни на одбраната, прво, обвинетиот мора навистина да бил предизвикан и второ, провокацијата мора да е таква што ќе го натера разумниот човек да го стори тоа што го сторил обвинетиот. Освен жртвата, провокацијата може да ја изнесе и некој друг и да биде насочена кон некој друг,а не кон обвинетиот. Понатаму, фактот дека обвинетиот ја започнал провокацијата не може да ја попречи одбраната. - Субјективна страна: вистинска провокација: поротата мора да се докаже со факти дали обвинетиот бил навистина предизвикан. Губењето на контрола мора да е ненадејно и привремено. Секако, може да биде и резултат на нервоза со релативно мала „последна капка, која ја прелила чашата“. - Објективна страна: разумен тест на човекот: провокацијата мора да е доволна за да го натера разумниот човек да го стори тоа што го сторил и обвинетиот. Разумниот човек го има истиот пол и возраст како и обвинетиот и таквите одлика влијаат на тежината на провокацијата на обвинетиот, но одликите кои не се важни за провокацијата, како што се неповрзаните ментални пореметувања, не му се доделни на разумниот човек. На крај, разумниот човек секогаш има разумна моќ на само-контрола и никогаш не е во алкохолизирана состојба

Самоубиствени пакти[уреди | уреди извор]

Член 4(1) од Законот за убиство 1957 година ја воведува одбранаа за самоубиствениот пакт во Англија и Велс. Намерата на парламентот беше да се покаже сочувство кон оние кои се вклучени во самоубиствениот пакт, но не починале.Член 4(3) го дефинира самоубиствениот пакт како вообичаен договор помеѓу две или повеќе лица, кои како цел ја имаат смртта на сите нив, без разлика на тоа дали секој сам ќе си го одземе животот“. Обвинетиот мора да имал „смислена намера за умирање во согласност со пактот“ за да го одбегне своето влегување во можниот пакт со вистинска намера за извршување убиство.

Детеубиство[уреди | уреди извор]

Друга форма на убиство со умисла е детеубиството. Овој прекршок го создаде статутот во некои земји за време на дваесеттиот век. Најчесто, пресудата за детеубиство се донесува ако судот е убеден дека мајка си го убила своето новороденче додека рамнотежата во нејзиниот ум е нарушен како резултат на породувањето, на пример, во случаите на постпородилна депресија. Тоа е форма на убиство и ги има истиот опсег на казни како и пресудата за убиство. Детеубиството како прекршок се дели од убиството и не е редуктивна одбрана од убиството (како одбраните кои се споменати подолу), но во практика функционира на истиот начин како и редуктивната одбрана.

Убиство од небрежност[уреди | уреди извор]

Убиство од небрежност е незаконско убивање на човечко суштество без премисла да се изврши кривично дело, јасно или индиректно. Се разликува од убиството со умисла поради отсуството на намера. Вообичаено се дели на две категории: конструктивно убиство и кривично убиство од небрежност.

Конструктивно убиство[уреди | уреди извор]

Конструктивното убиство исто така се нарекува и „незаконско дело“. Формирано е врз основа на принципите на конструктивната злонамера, каде злобната намера, својствена за извршувањето на кривичното дело, се зема предвид во последиците од тоа кривично дело. Настанува кога некој убива без намера, за време на извршувањето на незаконското дело. Злонамерноста во злосторството се пренесува на убивањето, а резултат на тоа е обвинението за убиство. На пример, лице кое со своето возило поминува на црвено и удира некој кој ја преминува улицата, може да се смета дека тоа го планирал или дека е невнимателен, бидејќи нападнал и предизвикал кривична штета. Тука не постои намера да се убие, а смртта не би се сметала за убиство, туку ќе се смета за убиство од небрежност. Одговорноста на обвинетиот за предизвикувањто на смрт е создадена од вината за извршување на нешто кое би се сметало за помало кривично дело.

Закон во САД[уреди | уреди извор]

Во САД, лесното убиство е полесна верзија на тешкото убиство и го опфаќа лицето кое ја предизвикува смртта на друго лице, додека извршува помало кривично дело – тоа е, прекршување на законот кое не стигнува до нивото на потешко кривично дело. Ова може автоматски да води до обвинение за убиството, доколу полесното кривично дело вклучува закон создаден да се заштити човековиот живот. Многу прекршувања на законите за безбедност се инфракции, што значи дека лицето може да биде обвинето без разлика на кривичната намера.

Закон во Англија[уреди | уреди извор]

Конструктивното убиство во англискиот закон е извршување незаконски опасно дело кое предизвикува смрт. Овие поврзани принципи на конструктивното убиство, со кои убивањето за време на извршување потешко кривично дело водеа до казна за убиство, но беа укинати со Законот за убиство 1957 година. Постојат три услови за извршување на конструктивно убиство. - Обвинетиот мора да стори незаконско дело. Ова мора да е кривичен, не граѓански прекршок и мора да вклучува кривична намера, намера или невнимание. Злосторствата кои вклучуваат небрежност или грешка не се доволни. - Делото мора да е опасно. Дали делото е опасно се пресудува објективно од гледна точна на трезно и разумно лице, присутно на настанот, кое го сведочело делото. Обвинетиот не треба да биде свесен дека делото е опасно и делото не треба да биде насочено кон жртвата. - Делото мора да биде причина за смртта на жртвата.

Кривично убиство од небрежност[уреди | уреди извор]

Кривичното убиство од небрежност во САД најчесто се нарекува кривично убиство од небрежност, очигледна убиство од небрежност во Англија и Велс. Во судските надлежности на Шкотска и Комонвелтот на Нации може да се примени и прекршокот на виновно убиство. Настанува кога сериозна небрежност предизвикува смрт или во некои судски надлежности, сериозна невнимателност. Потребно е висок степен на небрежност за да се оправда кривичната одговорност. Поврзан концепт е волевото слепило, каде обвинетиот намерно се става себе во позиција, од која ќе биде несвесен за фактите кои би го направиле одговорен. Кривично убиство од небрежност настанува кога не се преземаат мерки, а должноста го налага тоа или кога должноста не се извршува успешно, што води до смрт. Постоењето на должноста е суштинско, бидејќи законот не воведува кривична одговорност за мерките да не се преземаат, освен ако на жртвата не и следуваат одредени дожности. Ова е воовичаено во случајот со професионалците кои се сериозно небрежни во текот на нивната вработеност. Пример за тоа е кога доктор неуспева да забележи дека резервите на кислород на пациентот се исклучиле и пациентот умира.

Закон во САД[уреди | уреди извор]

Во судските надлежности, како што е Пенсилванија, доколку лице е толку невнимателно, што „покажува преголема рамнодушност кон човековиот живот“, обвинетиот може да е виновен за влошен напан како и за убиство од небрежност. Во многу судкси надлежности, како што е Калифорнија, злонамерата може да се смета за сериозна невнимателност и се сведува на волево или расипана рамнодушност кон човековиот живот. Во таков случај, престапникот може да биде виновен за убиство од втор степен.

Закон во Англија[уреди | уреди извор]

Во Законот на Англија, сериозната небрежност претставува тест за убиството без умисла. Кривичното дело се дефинираше во Р против Бејтмен за да „се покаже големо непочитување на животот и безбедноста на другите, што се сведува на кривично дело проти државата и однесување кое заслужува казна. Во Р против Адомако, Горниот Дом (на Британскиот парламент), го потврди Р против Бејтмен и ги постави петте елементи за небрежност

  • Должност за грижа, која обвинетиот и ја должи на жртвата.
  • Прекршување на таа должност.
  • Ризик дека однесувањето на обвинетиот може да предизвика смрт.
  • Доказ дека прекршувањето на должноста ја предизвикало смртта на жртвата.
  • Обвинетиот во таа ситуација е под стандардите на разумниот човек и треба да се смета за сериозно небрежен и заслужува кривична казна.

Поротата треба да одлучи што го сочинува „сериозно небрежното однесување“.

Убиство без умисла во сообраќај или во алкохолизирана состојба[уреди | уреди извор]

Убиство без умисла во сообраќајот е тешко кривично дело од група Ц и за одговорни ги смета лицата кои предизвикале смрт поради кривична небрежност или прекршување на законот за безбедност во сообраќајот. Вообичаена употреба на убиство без умисла во сообраќајот, вклучува судско гонење поради смрт, предизвикана поради возење под дејство на алкохол (одредено преку нивоата за прекумерна содржина на алкохол во крвта, кои се поставени од државите во САД), иако најчесто се потребни и самостојни прекршоци (како што е возење со неважечка возачка дозвола) или небрежност. Во Висконсин, лице кое предизвикува смрт со кој било вид на моторно возило додека е легално алкохолизиран може да е одговорен и обвинет за убиство со употреба на моторно возило во алкохолизирана состојба. Вината е во сторителот. Во 2003 година највисоката казна затвор била намалена од 40 години на 15 години затвор. Должината на казната сега е еднаква на обвинувањето и на пресудата во Висконсин за невнимателно убиство до трет степен.

Во Висконсин, како и во голем број од државите, убиство во сообраќајот настанува кога дејствувањето не е сторено за време на тешко кривично дело, бидејќи возење под дејство не е тешко кривично дело. Во некои држави во САД, како што е Тексас, убиство без умисла во алкохолизирана состојба особено се дефинира како прекршок. Лице предизвикува убиство без умисла во сообраќај, доколку тој или таа, управува со моторно возило на јавно место, управува во воздухопловството, со возила од водниот сообраќај или возило во забавен парк или собира мобилно возење во забавен парк во алкохолизирана состојба и поради таа алкохолизирана состојба, ја предизвикува смртта на некое друго лице. Убиство без умисла во алкохолизирана состојба, убиство без умисла во сообраќајот и други слични прекршоци бараат помала кривична намера од други прекршоци. Понатаму, фактот дека обвинетиот е овластен да употребува алкохол, супстанци за контрола, дрога, тешка дрога или други супстанци не претставува одбрана. На пример, во Тексас за да се докаже убиство без умисла во алкохолизирана состојба, не е потребно да се докаже дека лицето било небрежно при причинувањето на смртта на друго лице, ниту дека тој незаконски користел супстанца која го довела во алкохолизирана состојба, но само дека бил во алкохолизирана сотојба и управувал со моторно возило и како резултат на тоа некој починал. Истото правило на законот се применува во Њујорк за убиство без умисла во сообраќај од втор степен.

Помагање во самоубиство[уреди | уреди извор]

Во некои држави од САД, помагањето во самоубиство се казнува како втор степен на убиство без умисла.