Убиец на коњ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Убиец на коњ (англиски: Welcome to Hard Times/Killer on a Horse) е американски филм од 1967 година, во режија на Барт Кенеди. Сценариото е дело на Барт Кенеди и Е. Л. Докторов. Главните улоги во филмот ги играат: Хенри Фонда, Џенис Рул и Кинан Вин. Филмот, кој трае 103 минути, е работен според романот на современиот американски писател, Е. Л. Докторов.

Содржина[уреди | уреди извор]

Во филмот се раскажува за животот во градот Хард тајмс, во кој плашливиот градоначалник Вил Блу не ги заштитува граѓаните од постојаните грабежи на суровиот криминалец, познат како Човекот од Боди, кој го избегнува законот и го запалува градот, така што жителите мора да се одлучат: да го напуштат градот или да го изградат одново.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Убиец на коњ“, Програма февруари 2015, Кинотека на Македонија.