Убавка Гајдова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 19 јули 1965
Куманово, СФРЈ СФР Југославија
Починал 6 декември 2014
Скопје, Македонија Македонија
Занимање лингвист-македонист

Убавка Гајдова (Куманово, 19 јули 1965 - Скопје, 6 декември 2014) — македонски лингвист -македонист и дијалектолог, универзитетски професор, научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисикров“ и публицист.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Гајдова е родена на 19 јули 1965 година во Куманово, каде што го стекнала основното и средното образовение. На Катедрата за класични студии при Филозофскиот факултет во Скопје дипломирала. Во 1997 година магистрирала на тема „Граматичката категорија време во македонските дијалекти во Егејска Македонија“, а докторирала во 2005 година на тема „Условниот период во дијалектите на македонскиот јазик“, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Работела во Институтот за македонски јазик од 1993 година во Одделението за дијалектологија. Во фокусот на нејзиниот научен интерес беше македонската дијалектологија и граматичкиот систем на македонскиот јазик во рамки на балканскиот јазичен сојуз. Била раководител на проектот Македонски дијалектен атлас, претседател на Советот за македонски јазик при Владата на Македонија, долгогодишен член на Советот при Институот за македонски јазик и претседател на Советот во половина мандат. Активно била вклучена во редакцискиот одбор на институтските списанија: „Македонски јазик“ и „Македонистика“, како и претседател на редакцијата на спиасанието „Литературен збор“, гласило на Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература на Македонија. Била професор на предметот Македонска дијалектологија на државниот унивезитет во Тетово, како и професор на постдипломските студии при Институтот за македонски јазик. Починала во Скопје на 6 декември 2014 година.[2]

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Темпоралната карактеристика на финитните глаголски конструкции во југоисточните македонски говори, Посебни изданија на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, кн. Скопје 2002.
  • Условниот период во дијалектите на македонскиот јазик, Посебни изданија на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, кн. Скопје 2008.
  • Македонскиот дијалектен атлас, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, кн. Скопје, 2010

Наводи[уреди | уреди извор]