СОУ „Перо Наков“ - Куманово

Од Википедија — слободната енциклопедија

Перо Наков

Место
Општина: Куманово
Место: Куманово
Адреса: Моша Пијаде бб
Основни информации
Директор: Мила Жибак
Настава на: македонски
Контактни информации
Портал peronakov.schools.edu.mk

„Перо Наков“ — средно училиште во Куманово, Општина Куманово[1].

Историски развој на училиштето[уреди | уреди извор]

Училиштето за средно образование „Перо Наков“ во Куманово било формирано во 1945 година под името ОПШТО ЗАНАЕТЧИСКО УЧИЛИШТЕ „ПЕРО НАКОВ“. Во него биле застапувани струките: текстилна, кожарска, метална, трговска, електро и услужна дејност, а со профили од многу занимања и занаети кои за тоа време егзистирале. Ова училиште, под разни имиња, постоело од 1895 или 1896 година. Тогашното училиште било сместено на просторот до црквата „Свети Никола“ како УЧИЛИШТЕ ЗА КАЛФИ И ТРГОВСКИ ПОМОШНИЦИ. Така под разни имиња, функционирало повеќе од 100 години. Војните и кризите не го прекинале континуитетот во работата. Особен развој Училиштето забележало 1946 г. кога со Одлука на Околискиот народноослободителен одбор било формирано како УЧИЛИШТЕ ЗА УЧЕНИЦИ ВО СТОПАНСТВОТО. Првите темели за развојот на Училиштето ги поставил првиот раководители Војо Цветановски, а наставата била изведувана во зградата на поранешна Гимназија, т.е. подоцна простории на Работничкиот универзитетПрофесор Мијалковиќ“. Во 1960 година, на основа на чл.160 од Општиот закон за школство (Сл.лист на ФНРЈ бр. 28/58) дел 4 точка 2 од Резолуцијата за образование на стручните кадри (Сл.лист на ФНРЈ бр.25/60 г.) и член 26, точка 1 од Статутот на Народниот одбор на Кумановска околија на одделни седници на Околискиот одбор и Соборот на производителите, одржани на 22.07.1960 година, Училиштето се преименува во ПЕРИОДИЧНО УЧИЛИШТЕ „ПЕРО НАКОВ“. Тука биле застапени: метален, дрвопреработувачка и текстилна насока, каде се одржувала теоретска настава, а практиката била изведувана во стопанските организации. Во 1963 г. Училиштето се сели во нова зграда веднаш до Ученички дом „Професор Мијалковиќ“. Во 1981 г. со нова верификација училиштето се води како ООЗТ Училиште за занимање „Перо Наков“. Во 1983 г. се сели во друга нова и модерна зграда каде што е сместено и денес, во непосредна близина на Спортската сала а во 1985 г. со верификација на нови профили од трет и четврт степен, училиштето ге менува името во Училиште за средно насочено образование „ПЕРО НАКОВ“ со текстилна, кожаро-чевларска и дрвопреработувачка струка. Во 1993 година, во состав на ова училиште преминуваат и економските паралелки, кои работеле во состав на Гимназијата „Гоце Делчев“ (а претходно постоеле како Економско училиште „Моша Пијаде“). Од тогаш училиштето се пререгистрира како Училиште за средно образование „Перо Наков“ со постоење на 3 струки: текстилна, кожарска и економска. Во 2004 г. училиштето е преименувано во Државно средно училиште, а од 2007 г. до денес, во Средно општинско училиште „Перо Наков“ со верифицирани струки: текстилно кожарска и економско-правна и трговска струка (со профилите: конфекциски техничар, конфекционер, техничар за обувки, произведувач на обувки, економски техничар, техничар за трговија и маркетинг, деловен секретар и правен техничар). Наставата се изведува на македонски и албански јазик во две посебни училишни згради. Покрај многуте дипломи, благодарници и други признанија, Училиштето има добиено и Ноемвриска награда на Собранието на општината Куманово, и сојузно признание за најуреден училиштен двор.

Мисија и визија на училиште[уреди | уреди извор]

Мисијата на нашето училиште оди во правец на комплексна воспитно-образовна работа која ќе резултира со поттикнување на личниот развој на ученикот и наставникот во безбедна и ненасилна средина, во атмосфера на меѓусебна доверба, како и градење на одговорни и ефикасни личности добро подготвени за натамошно школување или за конкурирање на пазарот на трудот, што значи задоволување на развојните потреби на учениците во согласност со воспитно-образовни стандарди.

Визија.

Сакаме нашето училиште да понуди различни активности за поттик на личниот развиток на учениците преку подобрување на квалитетот на наставата и стручно усовршување на наставниците. Сметаме дека со тоа ќе станеме училиште во кое ќе привлекуваме ученици кои сакаат да учат и да градат постојани и трајни знаења, (без ex katedra стил), со тимска работа и почитување на поединечните белези на учениците.

Струки и профили[уреди | уреди извор]

Економско-правна и трговска[уреди | уреди извор]

  1. Економски техничар (на македон. и албански јаз.)
  2. Техничар за трговија и маркетинг (на мак. и ал. јаз.)
  3. Деловен секретар (на македон. и албански јаз.)
  4. Правен техничар (само на албански нас.јазик)
  5. Банкарски техничар (на македон. и албански јаз.)

Текстилно-кожарска[уреди | уреди извор]

  1. Конфекциски техничар (на македон. и албански јаз.)
  2. Техничар за обувки (на македон. и албански јаз.)
  3. Техничар за дизајн на облека (на македон. и албански јаз.)

Наставен кадар[уреди | уреди извор]

Воспитно-образовниот процес го изведуваат наставници со квалификациона структура соодветна со потребите на училиштето во сите струки во паралелките со настава на македонски и со настава на албански јазик. Истите работат според Законот за средно образование и Статутот на Училиштето, како и по упатства од Бирото за развој на образование т.е. Центарот за средно стручно образование.

1. Менаџерски тим

За успешно менаџирање и работење на училиштето се грижи менаџерскиот тим кој го сочинуваат: - Директор: Лидија Тасевска - Заменик директор: Саити Скендер - Сменоводители –четворица: Алексиќ Марјан, Мила Жибак, Шабан Бектеши и Фатмир Бајрами. Сите тие работат според Законот за средно образование и Статутот на Училиштето.

2. Педагошко-психолошка служба Педагошко-психолошката служба ја сочинуваат: - Педагог – двајца (еден во настава на македонски а еден во настава на албански јазик) - Психолог- двајца(еден во настава на македонски а еден во настава на албански јазик) - Дефектолог - еден

3. Административно-технички персонал

Административно-техничкиот персонал го сочинуваат: - Секретар -1 - Книговодител -1 - Хаус мајстор -2 (еден во зградата со настава на македонски а еден во зградата со настава на албански јазик) - Одржувач на парни котли -1 - Хигиеничари – 13 (7 во зграда на мак.ј а 6 во зграда на ал. ј.) - Ноќни чувари –3 (2 во зграда на мак.ј. а 1 во зграда на ал. јазик)

Учество во проекти[уреди | уреди извор]

1. Проект – SEA Кариерен центар и Младинска организација

2. Проект – КЛУБ „БИДИ ЗЕЛЕН“

3. Проект – Меѓународна соработка со Република Србија

4. Проект – Меѓународна соработка со Република Романија

5. Проект на Министерство за труд и социјална политика – УПН

6. Проект- „ Безбедно училиште“

7. Проект – ЕКО училиште

8. Проект: Интегрирано мулти-етничко образовани „Учиме заедно“. (Претприемништво и бизнис за економско-трговска струка)

9. Проект –Демократско учество

10. Проект Леонардо Да Винчи

- соработка со Португалија

- соработка со Шпанија

11. Програма – „Превенција на насилното однесување во средните училишта во Република Македонија.

Соработка со други училишта[уреди | уреди извор]

Училиштето има воспоставено соработка со училишта од други градови и држави како што се:

- Србија – со средно економско училиште од Ниш

- Романија - со средно економско училиште од Targu Jiu

- Португалија - економско училиште во Аркос Де Валдевез (воспоставена е соработка, изработена е и прифатена програма која ќе се реализира во октомври 2012 г.)

- Шпанија - економски центар од Гранада (воспоставена е соработка, изработена е и прифатена програма која ќе се реализира во октомври 2012 г.а ќе патуваат 2 наставници и 15 ученици)

- Струмица

Целта на ваквата соработка е размена на искуства од воспитно-образовната работа, размена на посети на ученици и наставници, организирање и реализирање на заеднички спортски настани, маскимбал, запознавање на друга култура на живеење, традиција исл.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]