ССОУ „Коле Неделковски“ - Велес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
ССОУ „Коле Неделковски“
LOGO KOLE NEDELKOVSKI.png
ССОУ „Коле Неделковски“
ССОУ „Коле Неделковски“
Место
Општина: Велес
Место: Велес
Адреса: Андон Шурков бр.4а
Основни информации
Настава на: македонски
Контакт информации
Портал kolenedelkovskive.schools.edu.mk
е-пошта kolenedelkovski@yahoo.com

Средното стручно општинскп училиште „Коле Неделковски“ се наоѓа во Велес, општина - Велес. Училиштето е формирано во 1965 година како индустриско училиште за практична настава.

Формирање и развој[уреди | уреди извор]

Со решение на собранието на Општина Титов Велес од 22.09.1965 год. се формирало индустриско училиште УЗУС (Училиште за ученици во Стопанството) “Коле Неделковски“. Школувањето траело три години а учениците биле поделени во три смера: метален, ќерамички и текстилен.

Училиштето е сместено во сопствена зграда на ул.Андон Шурков бр.4 во Велес истото се наоѓа помеѓу индустриската и урбаната зона со одлична комуникација во одност однос на главните сообраќајници (Е-75) и железничката станица на пругата Белград – Атина.

Во текот на своето постоење во училиштето се изведувала настава од повеќе образовни струки како што се метална, керамичка, текстилна, но денес застапени се машинската, електротехничката, сообраќајната и угостителската струка.

Образовни профили[уреди | уреди извор]

Учество на натпревари[уреди | уреди извор]

Училиштето редовно учествува во Државните натпревари на електротехничките, машинските и сообраќајните средни училишта. За истакнување се наградите кои ги освојуваат нашите ученици посебно во струките машинобравар и металостругар.

Директори на училиштето[уреди | уреди извор]

  • Гравчевски Тодор
  • Сарагинов Никола
  • Ковачки Видосав
  • Ончевска Благојка
  • Ајтов Трајко
  • Јанев Александар
  • Алексоски Гоце
  • Елисковски Валентин
  • Иванов Томислав
  • Ристовски Боро

Познати личности кои учеле во ова училиште[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Театарска претстава “Бумеранг“

Значајно место во културно забавниот живот завзема и драмската секција во училиштето, која со повеќекратното изведување на своите претстави (“Бумеранг“, “Така требаше да биде“, “Солунски патрдии“ и др.) е чест гостин и на разните културните манифестации организирани на локално ниво. Исто така учеството и постигнатите резултати на литературни конкурси покажува дека училиштето, иако е стручно, не ги занемарува и општообразовните предмети, туку напротив делува стимулативно на учениците кои ги имаат овие квалитети да добијат шанса слободно да ги изразат.

КУД “Коле Неделковски“ со своето 18 годишно постоење е водечко културно уметничко друштво во Општината и во Р.Македонија. Со своето учество на разните домашни и интернационални фестивали ја зголемува својата популарност, го подигнува нивото на културно уметничката свест кај младите со што претставува гордост на училиштето и градот Велес.

Фудбалот, ракометот, атлетиката ... воопшто спортот, е поле на кое ССОУ “Коле Неделковски“ било водечко училиште во Општината. Екипите на училиштето во секоја натпреварувачка година земаат учество на регионалните и државните натпревари во различните спортови, забележувајќи при тоа резултати за вистинска почит. Голем број на познати спортски имиња почетните чекори во своите професинални кариери ги направиле токму на спортските терените на училиштето.

Меѓународна соработка[уреди | уреди извор]

Збратимени училишта

ССОУ “Коле Неделковски е веќе две години во збратимени односи со средното училиште “Stanisława Staszica“ од полскиот град Новогард. Веќе неколку пати е реализирана меѓусебна посета на ученици и колеги од овие две училишта. Тие имаа прилика да се запознаат со условите во кои работат, карактеристиките на двата образовни система но и истовремено да се дружат, забавуваат и запознаат поблиску со двата града, Новогард и Велес.

Фотографии[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]