КК Универзитет „Гоце Делчев“

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од УКК Гоце Делчев)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
КК Гоце Делчев
2014/15 (последна сезона)
Лига/
Основан1967; пред 52 години (1967)
Распаднат17 октомври 2015; пред 3 години (2015-10-17)
ЛокацијаШтип
Бои на клуботкафеава и жолта
         
Тренер/
Позиција 2014/15 (последна сезона)Плејаут 1ви
Прва Лига 7ми
Прваци1 Втора Лига Мажи
Дресови
Kit body unknown.png
Домашен jersey
Team colours
Домашен
Kit body unknown.png
Гостински jersey
Team colours
Гостински


КК Универзитет Гоце Делчев е поранешен кошаркарски клуб од Штип, Македонија. Клубот една сезона се натпреварувал во Првата македонска кошаркарска лига. Клубот бил раководен од Универзитетскиот спортски центар - Гоце Делчев Штип.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1967 год. професорот Методи Шишков ги започнал првите чекори во кошарката, така што собра дваесетина ученици од Гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип и ги започнал тренинзите во дворот на гимназијата. Идната година во Скопје се одиграле квалификациите за влегување во Првата кошаркарска лига во Македонија. Квалификациите успешно ги поминале и во Штип повторно заживеала кошарката. Кошаркарскиот клуб со име „Работник“ натпреварите ги играл во дворот на Гимназијата „Славчо Стојменски“. По 3-4 години натпреварите се играле во спортскиот комплекс „Џексон“. Почетните натпревари ги играле натпреварувачите: Благој Димов, Димитар Димитров, Миле Петковски, Љупчо Тасов, Љупчо Коцев, Павле Ѓоргиев, Делчо Толев, Мите Барбареов, Васе Ташков, Љупчо Арсов. Од 1975 год. се играло во салата на основното училиште во Карбинци. Тогаш тренер на екипата бил Раде Илиев. Натпреварите се играле и во Основното училиште „Тошо Арсов“, а екипата го носела името КК „Астибо“. Потоа тренинзите и натпреварите се изведувале и во Средното електротехничко училиште „Коле Нехтенин“, додека пак свој дом и вистински услови за работа, тренинг и натпревар добиле во 2008 година, кога спонзор на екипата станала Универзитетот „Гоце Делчев“. Натпреварите почнале да ги одржуваат во Спортската сала „Јордан Мијалков“. [1]

Гоце Делчев во сезоната 2009/10 во Втората лига завршил на третото место.[2]Во сезоната 2010/11, клубот завршил на четвртото место. [3] Во сезоната 2011/12, Гоце Делчев завршил на петтото место.[4] Во сезоната 2012/13 завршил на четвртото место во Втората лига.[5] Во сезоната 2013/14, Гоце Делчев завршил на првото место во Втората лига, со што обезбедил пласман во Првата лига.[6] Екипата иако во сезоната 2014/15 во Првата лига го одбегнала последното место кое водело до отпаѓање во Втората лига, клубот за следната сезона во Првата лига се повлекол од натпреварувањето поради финансиски причини и се приклучил во Втората лига.[7][8][9] Меѓутоа подоцна клубот го откажал учеството и во Втората лига и се распаднал.[10]

Последен состав[уреди | уреди извор]

Тренер на екипата бил Делчо Толев.

број име висина цм позиција години националност претходен клуб
6 Мико Голубовиќ 206 Центар 32 Црна Гора Црна Гора Челик Босна и Херцеговина
67 Никола Караколев 197 Бек 27 Македонија Македонија Лирија
8 Даниел Калов 204 Крилен центар /
Центар
25 Македонија Македонија Куманово
69 Иван Јованов 192 Бек 28 Македонија Македонија младински тим
4 Димитар Петрушев 190 Бек 25 Македонија Македонија Тор АК Исланд
21 Бранислав Радак 207 Центар 28  Србија Сутјеска Црна Гора
88 Стефан Крстевски 190 Плејмејкер 21 Македонија Македонија Водњански Лисици
15 Димитар Делипетров 200 Центар /
Крилен центар
23 Македонија Македонија Борец Баскет
10 Петар Апцев 199 Крилен центар 26 Македонија Македонија Пелистер
7 Ристе Стојанов 196 Крилен центар 35 Македонија Македонија Овче Поле
44 Тодор Ивковиќ 180 Плејмејкер 26 Македонија Македонија Овче Поле
12 Александар Давитков 197 Крилен центар 32 Македонија Македонија КФИ Исланд
5 Дамјан Стојменов 18 Македонија Македонија младински тим
Виктор Марјанов 193 Крилен центар /
Центар
27 Македонија Македонија младински тим
5 Влатко Андонов 23 Македонија Македонија младински тим

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]