Т-27

Од Википедија — слободната енциклопедија
T-27
T-27 tank.jpg
T-27 на изложба во Киев, Украина
Типтанкета
ПотеклоСоветски Сојуз
Употребна историја
Во служба1931–41
КориснициСоветски Сојуз
ВојниВтора светска војна
Производна историја
КонструкторЏон Карден-Вивијан Лојд, Н. Козирев, Фабрика бр. 37, Москва
ПроизводителНародна фабрика, ГАЗ
Год. на производство1931–33
Произведени2.540
ВаријантиT-27A
Тех. особености (T-27A[1])
Тежина2,7 тона
Должина2,60 m
Ширина1,83 m
Висина1,44 m
Екипаж2

Оклоп6–10 mm
Главно
наоружување
митралез ДТ од 7,62mm
ПогонGAZ-AA
40 КС (30 kW)
Моќност/тежина15 КС/тон
Горивоносивост46 l
Работен
дострел
120 km
Брзина42 км/ч

Т-27советска танкета од периодот пред Втората светска војна.

Историја[уреди | уреди извор]

Без искуство во производство на тенкови, во 1930 година СССР се свртел кон увоз: од Британија биле увезени 8 амфибиски лесни тенкови („Карден Лојд модел 1931“), 30 средни тенкови (Модел Е и Мк II) и 26 танкети (Викерс Карден-Лојд Мк VI). Набрзо биле набавени и два тенка Кристи од САД. Танкетата Мк VI била лесно изменета и пуштена во производство во 1931 година како Т-27 (понатамошните модификации го дале Т-27А).[2]

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Руската верзија на британскиот тенк Викерс Карден-Лојд Мк VI, Т-27 било мало возило со двајца членови на екипажот сместени еден до друг, со моторот зад нив и меѓу нив. Возачот седел лево, а стрелецот од десната страна, зад лесниот митралез ДТ со калибар 7,62 -мм. Нивниот оклоп заштитувал само од куршуми од пушка. Во службата, се покажал дека имаат чувствителни гасеници, што придонесувало за дефекти на нерамен терен.[2]

Позитивни страни на Т-27 биле доверливоста, едноставната конструкција и одржувањето, лесна обука на возачот и брзина на рамен терен. Иако биле поголеми од британските танкети, тие сè уште биле крајно тесни внатре, употребливи само за ниски луѓе. И што е најважно, само командните возила имале радио (последица на неразвиената електрична индустрија во СССР), што целосно ја ограничувало нивната извидувачка улога.[3]

Во борба[уреди | уреди извор]

Во 1932 година, „Т-27“ го сочинувал најголемиот дел од оклопните сили на СССР: Црвената армија имала 65 баталјони од по 50 танкети. Првпат биле користени во борбата против востаниците во Средна Азија vo 1931-1932 година. Нивното учество во Зимската војна било неславно: со тесни гасеници, тие потонувале во снегот (во зимата) и калта (во пролетта) на Финска. До 1941 година, во служба останале помалку од 1.200 и за време на Операцијата Барбароса биле користени во позадина: обука на екипажот, влечење артилерија и пренесување муниција. Некои преживеале до декември 1941 година, кога последен пат биле користени во одбраната на Москва.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Zaloga 1983, p 123.
  2. 2,0 2,1 Ness 2002, стр. 151
  3. 3,0 3,1 „T-27“. www.tanks-encyclopedia.com (англиски). Посетено на 24. 5. 2018.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)

Литература[уреди | уреди извор]

  • Ness, Leland (2002). Jane's-World War II Tanks And Fighting Vehicles-The Complete Guide. London: HarperCollinsPublishers. стр. 151. ISBN 978-000711228-9.CS1-одржување: ref=harv (link)