Т-Мobile Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
T-Mobile Macedonia
Типсопственик Deutsche Telekom
Oснована1997г. под името Мобимак
СедиштеСкопје, Република Македонија
ПроизводиМобилен оператор
Порталwww.t-mobile.com.mk

Т-Mobile Македонија е првиот мобилен оператор формиран во Република Македонија. Профункционира во септември 1996 година, под името МобиМак. Најпрво МобиМак е купен од Deutsche Telekom, а на 7 септември 2006 година МобиМак се преименува и го добива името од T-Mobile групацијата - T-Mobile Македонија. Притоа по повод ребрендирањето, на плоштадот Македонија во Скопје го организираа концертот на кој настапи позната група Pet Shop Boys. Како една од поуспешните компании во Македонија, Т-Мобиле преку фондацијата “Т-Мобиле за Македонија” поддржува голем број хуманитарни активности, но исто така го поддржува развојот на македонскиот спорт и музика. Т-Мобиле МК има над 1.100.000 корисници, а покриеноста со сигнал на територија на Република Македонија изнесува 98,5%. Претставки кои ги има Т-Мобиле се 070, 071 и 072.

Услуги[уреди | уреди извор]

Т-Мобиле нуди разни услуги за нивните корисници. Меѓу нив се:

  • Услугата роаминг која е достапна во над 90 земји и околу 200 оператори.
  • Relax тарифните модели за постпејд корисниците.
  • Клуб 360 програмата за постпејд претплатниците.
  • Програмата Припејд + за припејд корисниците.
  • Easy Talk/ Easy SMS припејд тарифните модели со најниски цени за минута разговор.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]