Прејди на содржината

Тјенгунг (вселенска станица)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рендеринг на Вселенската станица Тјенгунг според сегашната состојба.

Тјенгунг (кинески: 天宮; пинјин: Tiāngōng; букв.: "Дворец на небото")[1][2] официјално Вселенска станица Тјенгунг (кинески: 天宫空间站; пинјин: Tiāngōng kōngjiānzhàn), е вселенска станица конструирана од Кина во нискоземската орбита, помеѓу 340 и 450 км над површината. Како прва долгорочна вселенска станица на Кина, таа е целта на „третиот чекор“ на кинеската вселенска програма за носење на екипаж во вселената. Откако ќе биде целосно завршена, Тјенгунг ќе има маса помеѓу 80 и 100 t, приближно една петтина од масата на Меѓународната вселенска станица и приближно со големината на деактивираната руска вселенска станица Мир.

Изградбата на станицата се базира врз основа на искуството добиено од нејзините претходници, Тјенгунг-1 и Тјенгунг-2.[3][4][5] Првиот, односно централниот модул, Тјенхе („Хармонија на небото“), бил лансиран на 29 април 2021,[1][2] по што следеле повеќе мисии со и без екипаж, и два други модула кои треба да бидат лансирани во 2022.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Clark, Stephen (29 април 2021). „Assembly of Chinese space station begins with successful core module launch“. Spaceflight Now. Посетено на 18 јуни 2021.
  2. 2,0 2,1 „China launches space station core module Tianhe“. Xinhua. 29 април 2021. The Tianhe module will act as the management and control hub of the space station Tiangong, meaning Heavenly Palace
  3. 3,0 3,1 Barbosa, Rui (1 март 2021). „China preparing to build Tiangong station in 2021, complete by 2022“. NASASpaceFlight.com. Посетено на 2 март 2021.
  4. „中国载人航天工程标识及空间站、货运飞船名称正式公布“ [CMSE logo and space station and cargo ship name officially announced] (кинески). China Manned Space Engineering Office. 31 октомври 2013. Архивирано од изворникот на 4 December 2013. Посетено на 29 јули 2016.
  5. Ping, Wu (јуни 2016). „China Manned Space Programme: Its Achievements and Future Developments“ (PDF). China Manned Space Engineering Office. Посетено на 28 јуни 2016.