Турска ангорска мачка

Турска ангорска мачка или ангорска мачка ( турски: Ankara Kedisi) е многу стара полудолго влакнеста раса на домашна мачка, со потекло од централна Турција (Анкара).[1]
Расата е донесена од Ангора (денешна Анкара) во Франција во 17 век. Таа го потиснала навлегувањето на персиската мачка од изложбата.
Телото на турската ангорска мачка е долго, што е сличност со ориенталните раси. Влакното и е полудолго,свиленкасто, со малку подвлакна и е воглавно со бела боја (со друга боја не се признаваат на изложби). Очите можат да бидат жолти, сини или разнобојни. Ушите се поставени високо на главата, која е клинеста по облик со малку заоблено чело.
Оваа раса има мирен темперамент, поради што го добила прекарот аристократ меѓу мачките.Приврзана е со луѓето, но најчесто бира еден член од семејството за постојан придружник и кон него е многу протективна.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Ангорска мачка
-
Турска ангорска мачка со очи боја на лешник
-
Црна ангорска мачка со зелени очи
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ARTS-CULTURE - The white beauty of Ankara: Ankara Cat“. web.archive.org. 2016-12-20. Архивирано од изворникот на 2016-12-20. Посетено на 2025-01-25.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Shojai, Amy (1997). For the Love of Cats. Illinois: Lincolnwood, Illinois: Publications International. стр. 108–109. ISBN ISBN 0-7853-1411-3 Проверете ја вредноста
|isbn=
: invalid character (help).
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Турска ван мачка
Литература
[уреди | уреди извор]- Т. Дамњановиќ, Мачка, БМГ, Белград, 1996 г.