Турпија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Турпија или еге – рачна алатка со назабена површина што служи за обработка на дрвени, на метални и на слични површини со која се симнува горниот слој од површината[1][2]. Турпијата се состои од челична шипка чија површина е избраздена со остри запци, обично поставена на дршка. Се користи за гланцање или сечење на материјал со стружење.

Поделба според намената[уреди | уреди извор]

Турпиите се изработуваат, во зависност од намената, од стандардни до многу тврди челици. Mоже да се поделат на повеќе начини, а основната поделба им е според намената. Исто така се делат според нивниот облик, како и на рачни и машински.

Турпии за обработка на дрво[уреди | уреди извор]

Овие турпии се изработуваат од стандарден челик.

Турпии за обработка на метал[уреди | уреди извор]

Овие турпии се изработуваат од тврд челик.

Поделба според обликот[уреди | уреди извор]

File cross-section.svg

Турпиите според нивниот облик се делат на:

Правоаголни[уреди | уреди извор]

Рамната турпија има правоаголен пресек со висина отприлика 1/5 од нејзината ширина. Само површините на ширините имаат запци.

Квадратни[уреди | уреди извор]

Пресекот на овие турпии е квадрат. Сите површини се назабени.

Полукружни[уреди | уреди извор]

Пресекот на полукружната турпија е полукруг. И двете нејзини страни, рамната и полукружната, се назабени.

Кружни[уреди | уреди извор]

Пресекот на кружната турпија е круг кој се намалува одејќи од дршката кон врвот.

Триаголни[уреди | уреди извор]

Пресекот на триаголната турпија е триаголник. Се користи на пример за острење пили.

Триаголана турпија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Турпија“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „еге“ — Дигитален речник на македонскиот јазик

Надворешни врски[уреди | уреди извор]