Турбе на Хасан Баба
Турбе на Хасан Баба | |
---|---|
Општи податоци | |
Вид | турбе |
Стил | раноосманлиски |
Град | Битола |
Земја | Македонија |
Завршена | XVII век |
Турбе на Хасан Баба — накшбандска отоманска гробница од 17 век која се наоѓа во дворот на џамијата Хасан Баба во Битола.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Џамијата и турбето се наоѓаат во западниот дел на градот, на улиците Цар Самуил и Ѓорѓи Стерјовски-Џоџа, на десниот брег на Драгор, во населба каде што во 19 век се населиле многу муслимански бегалци и го добиле името Маџар Маало.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Комплексот бил изграден во 1037 - 1049 година од хиџра (1628-1640 година) во време на султанот Мурад IV (1623 - 1640 година). Во гробницата е погребан Хасан Баба Кешфи ефенди или Хасан Баба-Баши Кесик, односно Хасан Баба Обезглавениот - ученик на локалниот дервиш Џигер Баба, кој прифаќа маченичка смрт со обезглавување наместо својот учител. Хасан Баба, носејќи ја главата, пристигнува на местото каде што подоцна биле изградени неговиот гроб, теќето Накшбанди и џамијата под Мурад IV.[1]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Турбето е едноставна, елегантна правоаголна градба. Покриено е со читирисливен покрив и украсено со мермерен алем. Внатре има дрвен табут покриен со свила со стихови од Куранот, каде што е погребано телото на Хасан Баба.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Mihajlovski, Robert (2012). „The Seventeenth Century Ottoman Religious Architecture of Bitola/Manastir“ (PDF). Патримониум. V (10): 292. Посетено на 9 март 2022.