Туларска бања

Од Википедија — слободната енциклопедија
Туларска бања

Туларска бања е бања која го носи името по селото Туларе и се наоѓа на 15 западно од Сијаринска бања во Јабланичкиот округ на југ на Србија.

Географска положба и релјеф[уреди | уреди извор]

Туларска бања се наоѓа во општина Медвеѓа во Јабланичкиот округ на југ на Србија. Се развила во мало проширување на долината на Трупалска река, притока на реката Јабланица, на надморска височина од 570 метри. Лесно е пристапна бидејќи се наоѓа покрај патот Белград - Приштина. Од Лесковац е оддалечено 63 км, од Медвеѓа 10 км и од Приштина 60 км. Јужно од бањата се издига планината Гољак, висока 1.181 метри.[1]

Име и минато[уреди | уреди извор]

Туларска бања го носи називот по селото Туларе. На планинските височини Мркоњ и Брајински врв има остатоци од стари утврдувања па се заклучува дека термоминералната вода ја користеле Римјаните, затоа што на овие простори постојал знаменитиот град, престолнина на царот Јустинијан во периодот од 527-565 година познат по називот Царичин град (), денес заштитен со закон. Во средниот век, ова билопозната рударски крај со манастир.

Геолошки состав[уреди | уреди извор]

Околината на Тулар е изградена од вулкански карпи кои припаѓаат на Раданскиот андезитски комплекс.

Минерални извори[уреди | уреди извор]

Кисела вода во Туларска бања

Во Туларска бања постојат неколку извори. Водата се појавува од разбиено извориште, кое е условено од расед. Истражувајќи го Лецкиот андезитски, геолозите утврдиле дека изворите во Туларска бања се појавуваат во источниот дел на пространа вулканско-тектонска структура, која, меѓу другото, е претставена со голема палеовулканска калдера. Кисела вода од пет извори е каптирана во чешма, над која е подигната настрешница. Каптажата на киселата вода извршена во собирниот резервоар непосредно над зградата со настрешница. Но, во резервоарот доаѓа и обична вода, која ја деминерализира лекувитата и и ја намалува температурата. Изворите на кисела вода даваат околу 9000 литри за 24 часа. Температурата на минералната вода е постојана и изнесува 15 степени. Во зима не мрзне, ниту се одржува снегот околу изворот. Најсилниот извор наод втората група на термо-минералните извори на бањата е примитивно каптиран. Тоа е солен извор, покрај кој се наоѓа уште еден извор на минерална вода со белузлава боја (боја на вар).

Покрај минералните извори, тука се поставени и неколку хидрогеолошки дупнатини. Од едната од нив, изведена во 1970 година, се појавил 1 литар вода во секунда, чија температура е 19,5 степени.[1]

Минерален состав на водата[уреди | уреди извор]

Анализа на вода на Туларска бања, која ја извршил Марко Т. Леко, посочила дека станува збор за муријатиечн кисељак со зголемена содржина на натриум, калциум, хлор и слободна јаглеродна киселина. Подоцнежните анализи укажале на блага природна радиоактивност која потекнува од радон и радиум .

В. Вујановиќ и М. Теофиловиќ констатираат дека минералната вода се одликува со значителна содржина на хидрокарбонати, сулфати, хлор, калциум, натриум и бромна киселина, кои се вбројуваат во најголо меѓу водите со вулканско потекло во Србија. Значителни се и количините на магнезиум и силициум диоксид, како и зголемената содржина на железо, литиум, цезиум и стронциум, што е важно за терапијата.[1]

Туризам и искористеност на водата[уреди | уреди извор]

Лековитите води на Туларска бања не се доволно искористени. Нема модерни медицински и туристички угостителски објекти. Месното население ја користи вода за самоиницијативно лекување на заболувања на органите за варење, нарушувања на метаболизмот, анемични состојби и нервни заболувања.

Туризам во Туларска бања

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Станковић, Стеван М. (2009). Бање Србије. Београд: завод за уџбенике. ISBN 978-86-17-16455-1.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]