Тубифекс охриданус форма типика

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тубифекс охриданус форма типика (Tubifex ochridanus forma typica) е од класата Олигохета (Oligochaeta) - ендемски водени црви во Охридско Езеро.[1]

Вертикална дистрибуција[уреди | уреди извор]

Во литералниот регион речиси и не доаѓа, па вертикалната дистрибуција со право може да се рече дека започнува дури о од 20 м. длабочина каде што густината на популацијата изнесува 22 инд./м², нагло зголемувајќи се до 30 метри .а 1320 инд./м². Потоа нагло се на малува на 40 метри на 180 инд./м². Со нешто поголема густина се среќава сè до 70 метри. Понатаму според длабочината постепено се наголемува, така што на 80 метри изнесува 420 инд./м², а на 100 метри 960 инд./м², со која густина се среќава сè до најголемите длабочини во езерото.[1]

Хоризонтална дистрибуција[уреди | уреди извор]

Распространувањето на овој вид покажува значителни разлики на одделни профили, како во батиметриската дистрибуција, така исто и во густината на популацијата. На I профил оваа форма е сретната на 10 метри длабочина со 22 инд./м², а повторно се јавува дури на 20 метри со 400 инд./м² сè до 26 метри, од каде густината се зголемува до најголемата пронајдена длабочина на овој профил, 30 метри со 800 инд./м². На другата половина од профилот се среќава од најголемата длабочина сè до 20 метри каде што има 200 инд./м². на профилите II и III квантитативно најмногу е застапена. Густината на популацијата на II профил е најголема од 40 до 50 метри со 200 инд./м²пред месноста Свети Еразмо и од 40 до 100 метри пред месноста Св.Богородица со максимална густина на популацијата на 30 метри од 2200 инд./м². Воопшто, квантитативно најмногу е застапена во месноста Далјан, во III профил каде што густината на популацијата на 30 метри изнесува 4000 инд./м². Во сите други профили е застапена речиси во исти бројни вредности и тоа така што незначително се јавува во долниот дел на литоралниот регион, малку повеќе во сублиторалниот каде што густината на популацијата е различита на различни профили, и тоа најмногу во профундалниот регион со скоро еднаква густина на популацијата. Освен на профилите I, II, IV, V и VI, оваа форма ја започнува својата вертикална дистрибуција од сублиторалниот, а на профилите VIII и XI, дури од профундалниот регион.

Во однос на вертикалната дистрибуција во рецентните седименти на езерското дно, квантитативно најбогато е застапена во пластот од 3 до 6 см. со 700 инд./м², потоа од 6 до 9 см. со 600 инд./м², од 0 до 3 см. со 440 инд./м² и во пластот 9 до 12 см. квантитативно најслабо е застапена со 220 инд./м².

Од извршената анализа на хоризонталното распространување се гледа дека квантитативно најбогато е застапена на профилот Далјан- Мали Влај, а исто така Св.Еразмо- Св.Богородица. Општо земено, квантитативно најбогато е застапена во профундалниот регион, многу послабо, а на одделни профили скоро или воопшто не е застапена (Равен, Пештани, Градиште, Трпејца и Свети Наум) во сублиторијалниот регион, а во литералниот регион воопшто ја нема, освен во одделни егземплари, како што е сретната пред Подмоље, Хидробиолошки завод и Пештани. Како главен фактор за ваквото хоризонтално распространување во целокупното езерско дно, пред сè се јавува фациесот на дното. Квантитативното богатство во сублиторалниот регион пред месноста Далјан, пред сè е условено од тињевитата подлога и од големото богатствво на детритусен материјал што го нанесува реката Далјан. На профилот Св.Еразмо-Св.Богородица, како и на другите профили, квантитативно најбогато е застапена каде што подлогата е исклучително тињевита. Слаба квантитативна застапеност во горниот дел на профундалниот регион пред равен, Градиште, трпејца и Св.Заум е условена од песковито- каменитото со малку тиња дно. Оваа форма се јавува како стенотопна, а според батиметриското распространување таа е стенобатна форма, а онаа која не поднесува температурни колебања - термна форма. ref>Шапкарев, Ј., 1964: Фауната на олигохетите од Охридско Езеро. Годишен зборник на Природно-математички факултет на Универзитетот во Скопје, кн.15: 5-98.</ref>

Сезонско колебање на бројноста[уреди | уреди извор]

Кривите добиени како резултат на испитувањата во 1953/1954 и 1954/1955 не се подудираат. Додека во текот на 1953/1954 во декември се јавува минимално распространета, а во мај и април, максимално, дотогаш во 1953/1954 максимумот се паѓа во декември т.е. во минимумот 1953/1954, а минимумот во јуни.[1]

Годишни колебања на популацијата[уреди | уреди извор]

Испитувањата во мај, јуни и јули во текот на три последователни години (1953-1955)покажуваат дека овој вид прогресивно расте во однос на неговата застапеност. Во 1953 година во овие места е застапен со 22,5%, во 1954 година со 34,3%, а во 1955 година со 42,2%.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Шапкарев, Ј., 1964: Фауната на олигохетите од Охридско Езеро. Годишен зборник на Природно-математички факултет на Универзитетот во Скопје, кн.15: 5-98.