Туберкулин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Туберкулин
Administration of tuberculin
Клинички податоци
Заштитени имињаAplisol, Mantoux, PPD, others
AHFS/Drugs.commonograph
Бременосна
категорија
  • US: C (Ризикот не е отфрлен)
Начин на издавање
  • US: само
Начин на
примена
intradermal
Назнака
ATC кодV04CF01

Туберкулин, исто така познат како прочистен протеински дериват, е комбинација на протеини кои се користат за дијагноза на туберкулоза.[1] Тестот се нарекува туберкулински тест и се препорачува за оние со висок ризик.[2] Се инјектира интрадермално.[2] После 48 до 72 часа се мери индурацијата; ако е поголема од пет до десет милиметри тестот е позитивен.[2]

Чести несакани ефекти се црвенило, чешање и болка на местото на инјектирање.[1] Тестот може да биде лажно позитивен кај лица кои претходно се вакцинирани со БСЖ вакцина или кај лица инфицирани со други видови на микобактерии.[2] Тестот може да биде лажно негативен во првите десет недели од инфекцијата, кај бебиња помали од шест месеци, и кај лица кај кои инфекцијата е присутна повеќе години.[2] Примената на туберкулин во текот на бременоста е безбедна.[2]

Туберкулинот бил откриен во 1890 година од страна на Роберт Кох.[3] Кох, иако е познат по неговата работа на етиологијата на туберкулоза (TB), тој утврдил строги критериуми со кои се воспоставува причинската врска помеѓу патоген и специфично заболување, кои подоцна биле наречени Кохови постулати.[4] Иако првично тој сметал дека може да се користи како лек против туберкулоза, тоа подоцна било отфрлено.[3] Туберкулинот бил добиен од екстракт на Mycobacterium tuberculosis.[1]

Се наоѓа на листата на есенцијални лекови на СЗО.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Tuberculin“. The American Society of Health-System Pharmacists. Архивирано од изворникот 9 January 2017. Посетено на 8 January 2017.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 „Tuberculin Skin Testing“. www.cdc.gov. Архивирано од изворникот 9 January 2017. Посетено на 8 January 2017.
  3. 3,0 3,1 Evans, Alfred S. (2013). Bacterial Infections of Humans: Epidemiology and Control (англиски). Springer. стр. 605. ISBN 9781475711400. Архивирано од изворникот 2017-01-09.
  4. Tyagi, Jaya S. (2006-09-01). „The timeless legacy of Robert Koch“. Resonance (англиски). 11 (9): 20–28. doi:10.1007/BF02834330. ISSN 0973-712X.
  5. World Health Organization (2019). World Health Organization model list of essential medicines: 21st list 2019. Geneva: World Health Organization. hdl:10665/325771. WHO/MVP/EMP/IAU/2019.06. License: CC BY-NC-SA 3.0 IGO.