Тубен крајник

Тубен крајник (латински: tonsilla tubaria) — парно лимфоидно ткиво лоцирано на соодветниот страничен ѕид на носниот дел на фаринксот, односно во непосредна близина на фарингеалниот отвор на Евстахиевата слушна туба. Се развива кај малите деца, а потоа постепено се намалува за време на пубертетот и подоцна целосно исчезнува.[1] [2]
Овој крајник учествува во изградбата на т.н. Валдееров лимфен прстен заедно со голтничниот, јазичниот и непчените крајници. Сите тие се составени од лимфни јазолчиња и се меѓусебно поврзани едни со помош на систем на лимфни садови.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Славољуб В. Јовановић, Надежда А. Јеличић (2000). Анатомија човека – глава и врат. Београд: Савремена администрација. ISBN 978-86-387-0604-4.
- ↑ Славољуб В. Јовановић, Нева Л. Лотрић (1987). Дескриптивна и топографска анатомија човека. Београд, Загреб: Научна књига.