Трудла Малинкова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Трудла Малинкова (2021)

Трудла Малинкова, родена Грофиц (горнолужички: Trudla Malinkowa; р. 21 февруари 1955 во Казов) — главна уредничка на списанието Помхај бу, научна соработничка на Лужичкосрпскиот институт како и раководителка на историската секција на Српска Матица во Будишин. Живее и работи во Будишин. Авторка е на многу публикации меѓу кои можат да се споменат делата кои се фокусираат на Лужичките Срби во дијаспората (во Тексас и Суринам), за Марја Кубашец (учителка) и за лужичкосрпските споменици во Лужица. Трудла Малинкова е активна и како публицистка. Освен во Помхај бу, нејзини текстови се објавуваат во научното списание Летопис и во единственото културно лужичкосрпско списание Розхлад.

Публикации[уреди | уреди извор]

  • Марја Кубашец (2014)
  • Јан Килијан (1811–1884). Пастир, поет, емигрант (2014)
  • Мерќин Новак-Њехорнски (2000)
  • Лужичкосрпска поезија 43 – Јан Килијан (1999)
  • Брег на надежта (1999)