Трстеник (Крушевско)

Координати: 41°20′51″N 21°17′12″E / 41.34750° СГШ; 21.28667° ИГД / 41.34750; 21.28667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Црквата „Св. Василиј“ во месноста Трстеник
Трстеник
Трстеник во рамките на Македонија
Трстеник
Местоположба на Трстеник во Македонија
Трстеник на карта

Карта

Координати 41°20′51″N 21°17′12″E / 41.34750° СГШ; 21.28667° ИГД / 41.34750; 21.28667
Регион Пелагониски
Општина Крушево
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 680 м
Трстеник на општинската карта

Атарот на Трстеник во рамките на општината
Трстеник на Ризницата

Трстеник — некогашно влашко село во близината на Крушево.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало непосредно јужно од градот Крушево.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век селото ѝ припаѓало на Битолската каза. Според Стојан Романски, Трстеник бил основан на Власи, преселени од Москополе (Албанија) и некои села во Епир. Главно занимање на населението било калајџиството.[2]

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Трстеник (Trasténik) имал 65 домаќинства и 65 жители Македонци.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Трстеник имал 95 жители, сите Власи христијани.[5] Подоцна жителите на селото се иселиле, претежно во Крушево и Прилеп.[2]

Почнувајќи од 1995 г. во месноста Трстеник е изградена црквата „Св. Василиј Велики“, која е осветена во 2008 г.[6][7] Изградена е врз темелите на старата селска црква.[8].

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Романски, Стоян. Македонските ромъни, Македонски преглед, година I, 1925, кн. 5 и 6, с. 85.
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 74 - 75.
  5. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 240.
  6. „Welcome to Krusevo“. Архивирано од изворникот на 2009-09-30. Посетено на 2017-12-15.
  7. Преспанско-пелагониска епархија
  8. „Цркви во Крушево“. Визит Крушево. Посетено на 2010-09-09.[мртва врска]