Тројца добри јунаци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Тројца добри јунаци (српски: Три добра јунака) - српска епска (јуначка) песна. Песната прв ја запишал Вук Караџиќ, кој ја слушнал од татко му Стефан.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Во песната се опишува херојската борба на Бановиќ Страхиња, Срѓа Злопоглеѓа и Бошко Југовиќ за време на Косовската битка. Притоа, Бановиќ Страхиња со еден удар на сабјата сече по дваесет глави, Срѓа со своето копје убива по двајца војници, додека Бошко со коњот ги притиснува Турците кон реката Ситница.[2]

Осврт кон песната[уреди | уреди извор]

Во песната се опишуваат тројца јунаци од кои секој е „добар јунак“. Така, Бановиќ Страхиња „еднаш со острата сабја мава, со острата сабја и десната рака, па дваесет отсекува глави“. Срѓа Злопоглеѓа потсетува на вреден земјоделец кој сака да ги уништи сите штетници и внимателно, истрајно, со одмерени движења, тој ги набива непријателите на копјето, но не еден по еден, туку по двајца и така ги фрла во реката. Овој неуморен воин со векови бил инспирација на поробениот народ и го повикувал на подвизи.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. В.Ђ., „Поговор - О певачима“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 490.
  2. Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 151.
  3. Војислав Ђурић, „О народним епским песмама“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 13.