Тројцата заробеници

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тројцата заробеници (српски: Три сужња) - српска епска (јуначка) песна. Песната прв ја запишал Вук Караџиќ, кој ја слушнал од слепиот пејач Ѓура Милутиновиќ Црногорац.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Војводите Вуксан, Лијеш и Селак Васојевиќ се затворени кај пашата од Скадар поради тоа што не плаќале арач. Притоа, Лијеш и Селак жалат за своите мајки, сестри, невести и за имотот, додека само Вуксан се држи јуначки. Потоа, џелатот ги повикува затворениците еден по еден, лажејќи ги дека пашата добил откуп за нив, но само што ќе излезат од затворската ќелија, тој им ги сече главите на војводите Селак и Лијеш. На истиот начин, џелатот го повикува и Вуксан да излезе, но тој бара да му ги ослободат рацете за да ја соблече скапоцената облека. Тогаш, Вуксан му ја зема сабјата на џелатот, го убива и бега од затворот. Пашата пушта потера по него, но Вуксан ги убива триесетмината прогонители. На мостот на реката Бојана го запираат оџата и кадијата, но Вуксан ги убива и нив, по што успева да ѝ побегне на потерата и среќно да стигне дома.[2]

Осврт кон песната[уреди | уреди извор]

Главниот јунак во песната, Вуксан, се одликува не само со јунаштво, туку и со ретка памет. Во мигот кога треба да биде погубен, тој не ги жали ниту мајка си, ни сестра си, ни сопругата, ни имотот, туку жали што ќе умре без замена. Неговите зборови имаат длабока смисла: „Ако таму напред немам каде / ни назад немам каде да се вратам“.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. В.Ђ., „Поговор - О певачима“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 490.
  2. „Три сужња“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 441-444.
  3. Војислав Ђурић, „О народним епским песмама“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 19.