Тропски земји на Зимските олимписки игри
Иако традиционално поврзани со земји со студени клими, Зимските олимписки игри исто така имале учесници од неколку тропски земји. Типичната клима на овие земји не е погодна за учество во зимски спортови, и поради тоа ниту една тропска држава досега не освоила олимписки медал. Најверојатно поради тоа, нивните учества се предмет на интерес на гледачите за време на игрите.[1][2]
Првата земја учеснички со топла клима на Зимските олимписки игри била Мексико. Голем дел од Мексико е на географска ширина северно од Северниот Повратник, и поголемиот дел од земјата има суптропски планински предели или степска клима, така што не е исклучиво тропска земја. Сепак, Мексико го остварил своето зимско деби на Зимските олимписки игри 1928[3] со боб екипа од пет лица која завршила на единаесеттото место на поредокот.[4] Мексико не се вратил на Зимските олимписки игри сè до игрите во 1984 одржани во Сараево.[5]
Првата целосно тропска земја која се натпреварувала на Зимски олимписки игри се Филипините, кои испратиле двајца алпски скијачи на Зимските олимписки игри 1972 во Сапоро, Јапонија.[6] Бен Нанаска завршил на 42. место во велеслалом (од 73 натпреварувачи), а Хуан Сипријано не ја завршил трката. Во слаломската трка ниту еден од двајцата скијачи не ја завршил трката. Костарика станала втората тропска земја која учествувала на Зимски олимписки игри, во 1980 во Лејк Пласид,[7] каде Артуро Кинч исто така се натпреварувал во алпско скијање. Кинч уште трипати настапил за Костарика на Зимските олимписки игри, вклучувајќи ги игрите во 2006 на 49-годишна возраст. Таму тој завршил на 96. место на трката на 15 км скијачко трчање.[8]
На Зимските олимписки игри 1988 одржани во Калгари, Канада се појавиле голем број на тропски земји: Костарика, Фиџи, Гуам, Гватемала, Јамајка, Холандските Антили, Филипините, Порторико и Американските Девствени Острови.[9] Јамајската боб-екипа станала фаворит на навивачите на овие игри[10] и била инспирација за филмот Реге на мраз. На игрите во 1994, шест години подоцна, јамајската екипа завршила на солидното 14. место, пред САД и Русија, додека пак боб санкачот Ласелес Браун освоил сребрен медал настапувајќи за Канада во 2006 година.
Зимските олимписки игри 2006 одржани во Торино, Италија го обележале зимското деби на Етиопија[2] и Мадагаскар.[11] На игрите во 2010 одржани во Ванкувер, Канада, деби настап забележале Кајманските Острови, Колумбија, Перу,[12] и Гана, а четири години подоцна на [13] игрите во Сочи деби настап забележале Доминика, Источен Тимор, Того и Тонга.
Список на тропски земји учеснички
[уреди | уреди извор]Овој список на држави ги вклучува оние кои лежат целосно или претежно низ тропскиот појас и исто така имаат главно тропска клима согласно со кепенова класификација на климата.
Африка | |
Камерун (CMR) | 2002 |
Етиопија (ETH) | 2006–2010 |
Гана (GHA) | 2010 |
Кенија (KEN) | 1998–2006 |
Мадагаскар (MAD) | 2006 |
Сенегал (SEN) | 1984, 1992–1994, 2006–2010 |
Того (TOG) | 2014 |
Зимбабве (ZIM) | 2014 |
Кариби | |
Британски Девствени Острови (IVB) | 1984, 2014 |
Кајмански Острови (CAY) | 2010–2014 |
Доминика (DMA) | 2014 |
Јамајка (JAM) | 1988–2002, 2010–2014 |
Холандски Антили (AHO) | 1988–1992 |
Порторико (PUR) | 1984–2002 |
Податотека:Тринидад и Тобаго Тринидад и Тобаго (TRI) | 1994–2002 |
Девствени Острови (ISV) | 1988–2006, 2014 |
Средна и Јужна Америка | |
Боливија (BOL) | 1956, 1980-1992 |
Бразил (BRA) | 1992–2014 |
Колумбија (COL) | 2010 |
Костарика (CRC) | 1980–1992, 2006 |
Гватемала (GUA) | 1988 |
Хондурас (HON) | 1992 |
Парагвај (PAR) | 2014 |
Перу (PER) | 2010–2014 |
Венецуела (VEN) | 1998–2006, 2014 |
Океанија | |
Американска Самоа (ASA) | 1994 |
Фиџи (FIJ) | 1988, 1994, 2002 |
Гуам (GUM) | 1988 |
Тонга (TGA) | 2014 |
Азија | |
Хонгконг (HKG) | 2002–2014 |
Филипини (PHI) | 1972, 1988–1992, 2014 |
Тајланд (THA) | 2002–2006, 2014 |
Источен Тимор (TLS) | 2014 |
Други земји со топли временски услови (на пример сместени во суптропскиот појас) кои се натпреварувале на Зимските олимписки игри се Австралија, Бермуди, Кинески Тајпеј, Хонгконг, Индија, Мексико, Јужноафриканската Република, Свазиленд, Уругвај и неколку северноафрикански земји како Алжир, Египет и Мароко.
Познати натпреварувачи од тропски земји
[уреди | уреди извор]Зимски параолимписки игри
[уреди | уреди извор]До 2014 година, само две тропски земји испратиле свои натпреварувачи на Зимски параолимписки игри.[14] Тофири Кибука од Уганда се натпреварувал во скијачко трчање на воведното издание на Зимските параолимписки игри во 1976 и повторно на игрите во 1980 година. Откако Кибука добил норвешко државјанство, тој започнал да се натпреварува за Норвешка почнувајќи од 1984 година, и успеал да освои неколку медали на следните игри на кои настапил. Бразил испратил двајца натпреварувачи на својот прв настап на Зимските параолимписки игри 2014.
Африка | |
Уганда | 1976–1980 |
Средна и Јужна Америка | |
Бразил | 2014 |
Име | Држава | Спорт |
---|---|---|
Тофири Кибука | Уганда | скијачко трчање |
Зимски младински олимписки игри
[уреди | уреди извор]Пет тропски земји настапиле на првите зимски младински олимписки игри во Инсбрук, Австрија.
Африка | |
Еритреја (ERI) | 2012 |
Кариби | |
Кајмански Острови (CAY) | 2012 |
Средна и Јужна Америка | |
Бразил (BRA) | 2012 |
Перу (PER) | 2012 |
Азија | |
Филипини (PHI) | 2012 |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Браун се натпреварувал за Јамајка на игрите во 2002 година, но се натпреварувал за Канада од 2006 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Brown, Gerry. „Beyond the Jamaican Bobsledders“. Infoplease. Посетено на 2006-09-16.
- ↑ 2,0 2,1 „Ethiopia first at Winter Olympics“. BBC News. 2006-02-10. Посетено на 2006-09-16.
- ↑ Comité Olympique Suisse (1928). Rapport Général du Comité Exécutif des IImes Jeux Olympiques d'hiver (PDF) (француски). Lausanne: Imprimerie du Léman. стр. 7. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-02-12. Посетено на 2008-01-30.
- ↑ Comité Olympique Suisse (1928). Résultats des Concours des IImes Jeux Olympiques d'hiver (PDF) (француски). Lausanne: Imprimerie du Léman. стр. 12–13. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-12-17. Посетено на 2008-01-30.
- ↑ Official Report of the Organising Committee of the XlVth Winter Olympic Games 1984 at Sarajevo (PDF). Sarajevo: Oslobodenje. 1984. стр. 89–90. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-11-26. Посетено на 2009-01-31.
- ↑ The Official Report of XIth Winter Olympic Games, Sapporo 1972 (PDF). The Organizing Committee for the Sapporo Olympic Winter Games. 1973. стр. 32, 145, 447. Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-02-26. Посетено на 2008-01-31.
- ↑ Final Report XIII Olympic Winter Games (PDF). Ed Lewi Associates. стр. 6, 12, 19. Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-02-27. Посетено на 2008-01-31.
- ↑ „Turin 2006 Winter Olympics - Cross Country Results“. Yahoo! Sports. Архивирано од изворникот 2007-03-22. Посетено на 2008-01-31.
- ↑ Janofsky, Michael (1988-02-07). „'88 Winter Olympics; Calgary Has It Down Cold“. The New York Times. Посетено на 2008-01-31.
- ↑ Harasta, Cathy (1988-02-20). „Jamaican bobsledders want to dispel jokes about tropical entry in wintry sport“. The Dallas Morning News.
- ↑ rAzAlpin.org (28 ноември 2005). "Madagascar prepares for its first winter Olympic appearance ever in Turin 2006". Соопштение за печат. посет. 31 јануари 2008 г Архивирано на 24 септември 2015 г.
- ↑ Brewer, Jerry (February 4, 2010). „Peruvian cross-country skier Roberto Carcelén reaches Olympic dream“. The Seattle Times.
- ↑ Wyatt, Ben; Gittings, Paul (February 27, 2010). „Snow Leopard continues proud African tradition at Winter Games“. CNN. Посетено на 2010-02-09.
- ↑ „IPC Historical Results database“. International Paralympic Committee.