Тромболиза
| Тромболиза | |
|---|---|
Ангиографија пред и после тромболитичка терапија. | |
| Други имиња | Фибринолитичка терапија |
| MedlinePlus | 007089 |
| eMedicine | 811234 |
Тромболиза е медицинска процедура/третман кој се користи за разградување на крвни тромби во крвните садови со помош на специјални лекови. Ова е итна животоспасувачка терапија и спречува трајни оштетувања во акутни состојби кога тромб го блокира протокот на крвта кон важен орган.
Најчесто користените лекови се алтеплаза, која е златен стандард и се дава како интравенска инфузија со мал болус и потоа продолжена инфузија, и тенектеплаза, која е нова генерација лек што се дава како еднократен брз болус во вена и затоа е сѐ попопуларна, особено кај мозочни удари и срцеви напади. Ретеплаза се користи поретко и се дава во два болуса, додека постарите лекови како стрептокиназа и урокиназа се ретко користат денес поради поголем ризик од алергии или помала селективност.